Peugeot 205 GTI продаден по цена на Porsche

Примерок на легендарниот компактен тркач на фрнцузите 205 GTI е родаден за речиси 83.000 евра..

Тоа е согласност со трендот што владее веќе неколку години при што цената на на Peugeot 205 GTI постојано расте.

Некои примероци веќе се продадени за повеќе од 40.000 евра, но сега цената на аукцијата отиде на неверојатни 82.960 евра, колку што купувачот платил за примерокот од 1987 година, пренесува Turbo.fr.

Проценката на аукциската куќа со цена од 45.000 до 65.000 евра веќе се сметаше за превисока, но купувачот на Peugeot отиде подалеку од тоа, пишуваат специјализираните портали.

Моторот со 130 КС во овој автомобил сè уште не е опремен со катализатор.

Она што помогна да се постигне оваа цена е фактот што автомобилот помина само 6928 километри и неговата документирана историја.

Овој Peugeot 205 поминало технички преглед и темно сивата каросерија е во беспрекорна состојба, како и внатрешноста, која комбинира сиво-црна кожа и платнен тапацир со црвен тепих.

GTI беше продаден како ново возило во 1987 година, а договорот беше направен од дилер на Peugeot во Орлеанс, Франција.

Тој ги смени сопствениците дури во 2009 година по смртта на првиот сопственик и заврши кај неговиот подалечен роднина.

Две години подоцна, 205 беше продаден со извозени 5.831 километри.

Автомобилот потоа беше подложен на целосна реставрација и беше ставен на аукција во ноември 2019 година со поминати 6.719 километри .

Продаден е за рекордни 47.524 евра. Сега, помалку од три години и нешто повеќе од 200 километри дополнително поминати, автомобилот доби дополнителни 80 проценти во вредност.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наскоро сериски  BMW XM

Ѕирнете во „тајниот склад“ за автомобили на Volkswagen затворен за јавност

Nissan најави возење од Северен до Јужен пол со електричен автомобил

Блиндиран Cadillac Escalade   

Hertz, во „rent-a-car“ понудата го имал и Shelby GT350

Се погласни се шпекулациите за голем седан на Alfa Romeo

LaFerrari Aperta продааден за 5,3 милиони долари

Aston Martin DBX707

Mercedes го продаде најскапиот автомобил на светот за 135 милиони евра