Peugeot 208 одолеа на нападите на Dacia Sandro

Во првиот квартал од оваа година, францускиот hatchback беше најпопуларниот модел во Европа.

Во првиот квартал од годинава, Peugeot 208 постигнал 51.890 нови регистрации, што е за 15% понизок ранг во однос на референтниот период во минатата 2021 година. Зад него е Dacia Sandero, а овој нискобуџетен hatchback успеа да се пробие до 47.491 потрошувач, што е подобрување за 8% во однос на минатата 2021 година. Ако 208 продолжи да паѓа во продажба, а Сандеро остане да се движи по нагорна патека, на крајот на годината би можел да се најде на европскиот трон! Сепак, постои и долгогодишен локален бестселер – Volkswagen Golf.

Golf имаше 46.323 продадени примероци во првиот квартал, што пак претставува пад на продажбата за 19%, споредено со истиот период во 2021 година. Всушност, во текот на првиот квартал, ниту еден друг модел не ја надмина бројката од повеќе од 40.000 испорачани единици.

Блиску до таа бројка се Peugeot 2008 со испорачани 39.534 возила (-25%), потоа Citroen C3 (39.320, -19%), но и Opel Corsa (38.532, -29%). Во водечкиот тим е и Renault Clio, кој има нешто повеќе од 38.000 регистрации, но и пад на продажбата од 25%.

Во втор план демне и Hyundai Tucson кој имаше одличен почеток на годината. Заклучно со март, јужнокорејскиот теренец има акумулирано 37.711 регистрации, со сериозен раст на продажбата од 10%. Доколку продолжи со тоа темпо, Тусон наскоро би можел посериозно да се вклучи во борбата на врвот на листата.

Иако Model 3 на Tesla доминираше минатиот месец со убедливо прво место, сепак е далеку од водечките автомобили во вкупнaта квартална продажба, бидејќи имаше вкупно 32.652 испорачани возила во во првите три месеци од тековната 2022 година (+ 7%), што е за околу 20.000 автомобили помалку од лидерот во табелите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 electric најпродаван EV автомобил во Европа

Mercedes B Class во 2025 година ќе замине во историја

Новиот Mercedes GLC на најавни слики

Tеsla повлекува 130.000 возила

Toyota годинава очекува пад на оперативниот профит

Признанија на списанието Autocar за Питер Шрејер и Kia EV6

Mercedes на вонреден сервис повикува речиси 300.000 автомобили

Можно враќање на GM во Европа

Цените на бензините повторно растат, дизелот поевтинува