Peugeot 3008 (2021): Стил и хибридна инфузија за продолжување на победничкиот поход

Peugeot 3008, европски автомобил од 2017 година, својот четврти роденден ќе го прослави со интересен редизајн и „брусење“ на технологија, а jaготка врз шлагот ќе биде plug-in-хибрид, базиран на турбо бензинецот PureTech 130 EAT8…

… Кој ќе може да вози само 60 километри на електрична енергија и статистички (со редовно полнење на батеријата) троши само 1,9 литри на 100 км. Концернот РЅА која е сериозно потресена од кризата поради пандемијата Covid-19, ги полага сите „мисли и молитви“ на crossover проектот и десетина модели Peugeot (2008, 3008, 5008), Citroën (C3 Aircross, C5 Aircross), Opel (Crossland X, Grandland ).

Темелен редизајн на ударниот-моделот се подготвува за пролетта следната година.

Станува збор за модел што со право се нарекува лидер кај crossover изведбите од новата генерација.

Peugeot 3008 добива решетка со li-tech LED елементи во стилот на моделот 508, со карактеристични електронски кљови.

Во преден план ќе биде моторот со три-цилиндри – 1.2 PureTech турбо бензински, во верзии на моќ со 110 и 130, кои ќе бидат опремени со поддршка од 48 волти како стандард, со што ќе се подобрат перформансите и ќе се намали потрошувачката на гориво.

А главната надеж ќе биде plug-in хибридот, базиран врз турбо бензинскиот PureTech 130 EAT8 (значи во комбинација со одличниот 8-степен автоматски менувач Aisin).

Бидејќи пандемијата на корона вирусот го продолжи животот на дизелите, докажаната 1.5 BlueHDi турбодизел верзија, во изведби со 102 и 130 КС, ќе ги почитува стандардите на животната средина  ЕУ 6d.

Подобрениот стил и рафинираната моторизација ќе бидат придружени со збогатена опрема со високо-технолошки Информативно забавен систем.

Затоа, PSA со право очекува континуиран успех на Peugeot 3008, а клиентите на крајот на оваа година и почетокот на следната година можат да очекуваат поволни специјални понуди за тековниот модел во заминување…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!  

Delage D12

Plug-in hybrid BMW 545e

Kia Sonet и официјално

McLaren GT Novitec супериорност крената на повисоко рамниште !