Peugeot 508 Sport Engineered добија продукциска верзија!

Жан Филипе Императо (Jean-Philippe Imparato) шефот на Peugeot потврди дека концептот 508 Sport Engineered, претставен на актуелниот салон за автомобили во Женева ќе добие и своја продукциска верзија

Засега Императо не откри кога тоа ќе се случи и низ колку промени ќе помине на патот до производната лента.

Со оглед на тоа дека таа спортска лимузина е „блиску“ до сериско производство, се верува дека разликите нема да бидат големи.

Исто така се очекува, пред експертите на Peugeot, од иста причина, нема да се постават премногу тешки задачи на прилагодување на овој модел на секојдневна употреба на патот.

Се во се на продукциската верзија на би требало уште долго да чекаме.

Новиот 508 Sport Engineered ќе биде дел од понудата на Peugeot на перформанс модели со електрифициран погонски склоп.

Станува збор за хибриден автомобил што е задвижуван од PureTech 200 1,6-литарски бензинец во комбинација со два електромотора.  Првиот од нив е инсталиран напред и ослободува моќ од 110KS, додека, пак вториот електромотор со сила од 200KS е сместен назад.

Бензинскиот и првиот електричен мотор се задолжени за задвижување на предната, a вториот електричен мотор за задвижување на задната оска.

Тоа пак значи дека станува збор за модел со погон на сите четири тркала.

Комбинираната моќност на овој погонски склоп изнесува околу 400KS и 500 Nm.

Во Peugeot велат дека 508 Sport Engineered од 0 до 100 km/h ќе забрзува за само 4,3 секунди, додека пак максималната брзина што ќе ја постигнува  е електронски лимитирана на 250 km/h.

Благодарение на батериите со капацитет од 11,8 kWh овој plug in хибриден автомобил само на струја ќе може да помине околу 50 km.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалиот SUV на Audi, на струја, само за кинески пазар

Ford Transit Custom Sport „работник“ подготвен за тркачки патеки!

И официјално претставен Tesla Model Y !!!

Кусо но слатко дружење со Peugeot 508– атрактивен спортски седан на Французите

Се знае погонот на новиот BMW M3

Максимизирање на потенцијалот: Програма за конверзија на Opel Combo

McLaren Senna GTR во септември и само во 75 примероци

Tesla годинава планира промоции на  pick- up и на crossover

VW Golf Mk8 снимен речиси без маска!