Peugeot e-208 сака да биде најдобар автомобил на струја од ниската класа!

Опремен со електромотор од 100 kW (136 KS) и момент на вртење од 260 Nm овој електричен градски освојувач од место до „стотка“ забрзува за 8,1 секунда, а максималната брзина е електронски лимитирана на 150 km/h, додека пак батеријатс со капацитет од 50 kWh обезбедува WLTP автономија на возење од 340 km!

Одличниот настап на новиот  Peugeot 208 во март тековната 2019 година на салонот за автомобили во Женева ни донесе дизајн за „воздишки“ , напредна технологија и според во однос на пониската класа, првокласна изведба…

Доволно за да ја наметне својата кандидатура за лидер во B-сегментот и симнување од престолот на долгогодишниот владател во класата Volkswagen Polо!

За се што е бважно веќе сме пишувале во повеќе наврати, a последната вест е дека електричната верзија e-208 добива проритет.

Французите доста мудро ја амализирале ситуацијата и дошле до заклучок дека пазарот, во глобална смисла, се движи гон електричните возила без разлика на сегментот .

Електричната верзија ја задвижува мотор на стуја моќен 100 kW, што најголемиот момент на вртење од  260 Nm го ослободува практично од нула вртежи.

Се напојува од литиј – јонска батерија со капацитет од 50 kWh, што му овозможува голем елан при возењето.

Од 0 до 100 km/h забрзува за 8,1 секунди, а максималната брзина, заради обезбедување на поголема автономија во возење, е лимитирана на 150 km/h. Со едно полнење на батериите Peugeot e-208 може, според WLTP циклусот,да помине 340 km, што преведено, во реални услови, би значело помеѓу 250 и 300 km, што е навистина одлично постигнување.

Со доброто искористување на просторот (батерискиот пакет е сместен во подот), се обезбедува солиден капацитет на багажниот простор, што во основа може да проголата 270- литри.

Гаранцијата на пакетот електрични батерии изнесува осум години или поминати  160.000 km.

Со брз полнач од 100-kW батериите може да се наполнат со 80% од нивниот капшацитет за само 30 минути.

Тоа значи дека е идеален и за патување на пофолги дестинации, а не само за град особено за млади луѓе.

Така, со само една паузар за освежување, со одмор и јадење доволно е да се наполни за да стасате од Скопје, до на пример еден од трите крака на Егејското Море.

На крајот и извесување од производителот дека на пазарите на Стариот континент би требало да стаса во текот на есента оваа 2019 година , a на домашниот пазар електричната верзија на новиот градски шармер на Peugeot, најверојатно ќе стаса кон крајот на 2019, но можеби и порано, што би ги израдувало фановите на брендот но и сите кои ја сакаат природата и елегантните и динамични линии на овој модел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Venue и официјално во Њујорк 2019!

Подновениот Audi R8 претставен во Њујорк 2019

Peugeot 508L PHEV со глобално деби на Шангај 2019

Глобална премиера на Porsche Cayenne Coupe во Шангај 2019

Renault City K-ZE електричен SUV промовиран во Шангај 2019

Шангај -светска промоција на првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin

Во Шангај VW покрај Uz I.D. Roomzz concept и со SMV Concept и SUV Coupe Concept

Volkswagen ID. Roomzz Concept во Шангај 2019

Уловен новиот Ferrari FXX K Evo