Peugeot ги освежи 3008 и 5008

Peugeot ги освежи 3008 и 5008 за 2022 година со мали промени во дизајнот и ревизија на пакетот опрема, слично на неодамнешната ревизија на седанот 508…

Двата SUV модели се нудат во три нивоа на опременост – Active Premium, Allure и Allure Premium, GT и GT Premium. Двете врвни варијанти доаѓаат со серија детали во спортски стил, поголеми алуминиумски тркала, спортски седишта и контрастен црн покрив.

Моделите 3008 и 5008 сега се одликува со нов црн финиш на ретровизор со висок сјај, во склад со новата црна предна решетка во пакетите Active Premium, Allure и Allure Premium.

Тапацирот во кабината е полу-кожен и има шевови во боја на бронза за GT верзиите на двата модели. И двете доаѓаат со 12,3-инчен дигитален инструмент табла и 10-инчен мултимедијален екран стандардно на Allure нивото и повисоките нивоа на опременоста.

Палетата на мотори за 3008 започнува со 1,2-литарски бензински со три цилиндри и со моќ од 130 КС и 1,5-литарски со четири цилиндри дизел, со ергеле од 130 КС. Врвот на гамата е пар plug-in хибридни погони, и двата се базирани на истиот 1,6-литарски бензинец со четири цилиндри.

Поевтината верзија има еден електромотор и 225 КС, а поскапата со два електромотори, односно по еден електричен агрегат на двете оски и моќ од 300 КС.

Погонската понуда во 5008 започнува со истиот 1,2-литарски бензински агрегат со моќ од130 КС и дизел со иста моќност, но нуди и помоќен 180-литарски дволитарски дизел за моделите GT и GT Premium.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022