Peugeot го стартува дигиталниот Salon Peugeot

Поради пандемијата и глобалната состојба на одржување на дистанаца како и повеќето салони за автомобили, така и Салонот во Париз нема да се одржи во своето класично издание, но сепак ќе има свое дигитално – on –line  издание на кое Peugeot  лансира 360-степено виртуелно разгледување на продажниот салон…

Peugeot во духот на својата 210-годишнина им излегува во пресрет на своите клиенти и фанови со лансирање на 360-степено „онлајн“ виртуелно разгледување на продажниот салон од 14 до 31 октомври, како и „live showroom“, наречен Salon Peugeot кој ќе биде достапен од 15 до 25 октомври на официјалниот вебсајт на француската компанија.

Познато е дека Салонот за автомобили во Париз годинава нема да се одржи во својата традиционална форма, а со оглед на тоа дека сите автомобилски манифестации се соочуваат со големи проблеми поради здравствената криза, Рeugeot повторно го реосмислува целиот начин за да пристапи до своите потенцијални купувачи, организирајќи ексклузивен настан, и вирутелен и во живо, кој е наречен Peugeot Show.

Целта на овој настан е презентирање на сите нови главни продукти во „претопувачко“ 3D искуство.

Новото искуство, како што велат од француската компанија не смее да се пропушти.

Сето ова доаѓа по лансирањето на целосно дигиталната Peugeot продавница, а од 14 до 31 октомври, специјализираниот сајт ќе им овозможи на сите заинтересирани да ги откријат и разгледаат Peugeot производите во виртуелно шоу, што всушност ќе претставува 3D реконструкција на Peugeot штандот.

Тоа ќе ви овозможи да ги разгледате новите производи преку вашиот паметен телефон, таблет или PC.

На Salon Peugeot настанот ќе бидат претставени целосно новиот Peugeot 508 PSE, електричните верзии на Peugeot 208 и 2008, како и хибирдните верзии на новите SIV изданија на Peugeot 3008 и 5008.

Ден подоцна започнува настанот во живо со сите нови призводи што ќе бидат претставени на физички штанд.

Покрај тоа, тука ќе бидат присутни и експерти за демонстрации „еден на еден“, како и онлајн продавачи кои ќе бидат достапни за купувачите преку кои ќе можат да се извршуваат продажби преку ексклузивни понуди.

Овој настан ќе се одржува од утре 15 о ќе трае се до до 25 овој месец – октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Renault Megane eVision concept