Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Првиот човек на Stellantis, Карлос Таварес, потврди дека Peugeot нема да стаса на пазарот преку „големата бара“- САД,…

Пред создавањето на Stellantis, додека сè уште постоеше групацијата PSA, беше планирано Peugeot да влезе на пазарот на нови автомобили во САД, но по создавањето на новата компанија дојде до големи промени.

Така, сега Stellantis има неколку американски брендови во своето портфолио, па фокусот ќе биде ставен на нив за локалните клиенти, што значи дека нема место за Peugeot.

 

Впрочем, големото прашање е како францускиот бренд би се снашол од другата страна на Атлантскиот Океан.

Тешко дека Peugeot моментално има нешто во својата гама што би можело да го воодушеви просечниот американски клиент, па „ францускиот лав“ сепак ќе отсуствува на овој пазар.

Во нашето портфолио ги имаме RAM, Chrysler, Dodge и Jeep, мислиме дека нема место за Peugeot“, изјави Карлос Таварес.

Во меѓувреме, Peugeot бележи многу добри продажни резултати во Јужна Америка, каде што сегашната генерација на 208 се покажа како посакуван автомобил, а истото важи и за crossover моделот на истата платформа – 2008, што на овој пазар регистрирал30.000 испораки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година

Во минатата 2021 повторно е урнат рекордот во продажба на SUV возила