Peugeot-клучен играч за намалување на емисија на C0₂ на Roland-Garros 2020

За 37-та година на партнерство со Roland-Garros, францускиот производител на автомобили Peugeot е повторно во центарот на турнирот, што се одржува во Париз од 27 септември до 11 октомври, четири месеци подоцна од традиционалниот термин поради здравствената состојба….

Како и секоја година, брендот обезбедува официјален превоз за играчи, VIP и службени лица. Оваа година, флотата PEUGEOT е составена од 80% електрифицирани возила (plug-in хибриди и електрични возила) за да отидат чекор понатаму во енергетската транзиција и да ги намалат емисиите на C0₂ за 60% во споредба со Roland-Garros 2019.

За ова издание, PEUGEOT претстави меѓународен план за комуникација, кој првенствено беше извршен со Новак Џоковиќ, светскиот играч број 1 на АТР ранг листата и амбасадор на брендот.

Со флота од 178 plug-in хибриди и електрични возила, PEUGEOT нуди подвижност со ниски емисии C0₂, намалувајќи ги за повеќе од 60% во споредба со Roland-Garros 2019.

Марката е горда што придонесе за оваа енергетска транзиција како еколошки одговорен партнер во турнирот.

Флотата на возила се состои од 80% електрифицирани возила, пред се PEUGEOT 508 и 508 SW HYBRID, 3008 HYBRID4, e-2008 и e-Traveller.

Со новите PEUGEOT 3008 HYBRID4 и 508 HYBRID, PEUGEOT е силно посветен на енергетската транзиција со уште посилни емоции.

PEUGEOT 508 HYBRID е хомологиран со 29g C0₂ / km (1,3L / 100km) и автономија од 54 km во 100% електричен режим.

PEUGEOT 508 SW HYBRID е хомологиран со 30g C0₂ / km (1,3L / 100km) и опсег од 52 km во 100% електричен режим.

Сите обезбедени возила имаат етикета со логото на PEUGEOT, логото на Roland-Garros и етикетата „Официјално возило“.

Енергетската транзиција е илустрирана и со налепница на хаубата на моторот „Префрли на електричен“  (Move to electric).

Новиот PEUGEOT e-208 ќе биде истакнат на подиумот на турнирот Roland-Garros .

Енергетската транзиција е вистинска можност и затоа новиот PEUGEOT 208 се нуди со три различни опции за извор на енергија – електрична енергија, бензин или дизел.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Renault Megane eVision concept

Mitsubishi Eclipse Cross доби освежување

Peugeot го стартува дигиталниот Salon Peugeot

VW Taos и официјално!

Gordon Murray ја засили екипата

Салонот во Женева би можел да се одржи во 2021 но во поинаква форма!

Mercedes-Benz S Class како караван

Porsche планира целосно електрична Panamera!