Fiat го претстави ажурираното издание на комбето Fiorino во Јужна Америка минатиот декември, а сега овој модел се појави и таму со етикетите на Peugeot и името Partner Rapid.
Ова не е невообичаено бидејќи и двете марки припаѓаат на групата Stellantis. Покрај тоа, овој модел во Мексико се продава како Ram Promaster Rapid, а во Колумбија, Боливија и Перу како Ram V700.
Во споредба со оригиналот на Fiat, Peugeot Partner Rapid доби само нова предна маска и, се разбира, ознаки на францускиот бренд.
Возилото е долго 4407 mm, додека носивоста е 650 kg.
Моторот е 1,4 литри со 86 КС / 84 КС (етанол / бензин) поврзан со 5-брзински мануелен менувач.
Производството на Peugeot Partner Rapid се одвива во фабриката на Fiat во Бетим во Бразил, каде се прават и верзии со ознаки Fiat и Ram.