Peugeot подготвува ултимативен „спортист“ за Le Mans 2022

Легендарното автомобилско натпреварување во издржливост супер моделите и возачите Le Mans, наскоро, би можело потполно поинаку да изгледа!!!

Како дел од 88-то издание на Ле Ман 24 часа, Peugeot и Total официјално го започнуваат својот проект Le Mans Hypercar (LMH).

Новите регулативи што се подготвуваат во овој вид на натпреварување бараат нови прилагодувања.

„Ле Ман (Le Mans) е светиот грал на автомобилскиот свет“, вели Жан Филип Импарато (Jean Philippe Imparato), извршен директор на марката Peugeot. „Трката е таа што го одредува победникот. За нас, ова претставува 3 победи, но и бесконечна пот, солзи и радост и неверојатен тимски дух со Total, со кого оваа година славиме 25 години соработка. ”

Изборот на категоријата LMH беше диктиран од неколку критериуми, едниот од нив е одредена аеродинамичка слобода. Тоа овозможува вклучување, со поддршка на дизајнерскиот тим на Peugeot, на естетски детали на марката. Оваа соработка веќе започна и дозволува, во случај на ова 24 часа Ле Ман, 2020 година, да направи скици и да ги открие првите концепти на дизајнот и да ги отелотвори основните потребни елементи, особено во однос на димензиите.

Импресивниот дизајн олицетворен преку „Neo Performance“ е придружен со моќна изведба од 500 kW со погон на сите тркала.

Peugeot Sport по изведбата на 508 во Sport Engineered, добива уште една екстремен експонат.

Ние ќе го следиме развојот на оваа интересна приказна и со нетрпение ќе го исчекуваме крајниот продукт – натпреварувачкиот болид на Peugeot Sport и Total.

И на крајот само потсетување Peugeot се враќа на Lemans 2022…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Legendarni Nissan NPT-90

Gordon Murray ја засили екипата

Hyundai Elantra N TCR нов адут за натпреварување на Корејците

Шефот на Lamborghini станува извршен директор на Formula 1

Фетел го купи болидот Williams FW14B што го возел Менсел

Alpine F1® Team влегува во Formula 1 ново име во големиот циркус на тркал

Цените на горивата повторно паѓаат

Renault Talisman отстапува место на електрична лимузина!