Peugeot за Le Mans 2022 со хибриден хипер автомобил

Уште од минатиот месец се знае дека фабриката на Peugeot планира да се врати на легендарната трка на издржливост „24 часа Ле Ман“ и тоа со нов hyper автомобил што ќе биде подготвен да учествува на трката во 2022 година…

Производителот на автомобили од Франција соопшти дека планира да се врати во Светскиот шампионат на трките на издржливост и тоа заедно со Rebellion Racing тимот од Швајцарија, a најважната информација во тоа соопштение е дека сака да се врати и во легендарната трка Le Manѕ.

Потсетуваме на таа трка тимовите на Peugeot победувале три пати.

„ Возбуден сум поради иднината и поради тоа ќе го предизвикаме своето знаење и умеење и својата голема страст во овој проект. Тоа претставува нов предизвик и знам дека нашите експерти уште еднаш ќе покажат својата волја и желба за победа. Тие имаат долго искуство во најдобрите FIA шампионати и „глад“ за успех“, изјавил Жан Марк ГФино, директорот на Peugeot.

Потсетуваме Peugeot за последен пат бил на Ле Ман  трките во период помеѓу 2007 и 2011 година со дизел автомобилите „908“, a во 2009 година со тој автомобил славел победа.

Подоцна Peugeot развивал хибридна верзија на автомобилот, но го откажаа проектот пред првата сезона на Светскиот шампионат во изджливост што започна да се одржува во 2012 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020

И по претпоследната етапа на Dakar  Rally се уште ништо не е јасно!

Фернандо Алонзо – губитник на 10-та етапа со тумбање во трипл „салто“!

Rally Dakar – „испари“ прeдноста на Сајнц !

Dakar Rally 2020 ја зема првата жртва- загина Португалецот Пауло Гонкалвес

По Cајнц и Петерхансел со втора победа во Dakar 2020

Сајнц освои втора етапа од шесте досегашни на годинешниот Dakar

Dakar Rally четири дена четири победници!

Третиот ден на Dakar Rally во знакот  на Шпанецот Сајнц!