PGM V8 спортски мотоцикл со V8 мотор и 334 КЅ

Што да се прави кога шест цилиндри едноставно не се доволни? Одговорот е едноставен – најдeте „макина“ со осум цилиндри!

Тука на сцена стапува PGM V8, креација на Пол Малони, од Австралија и тоа најблаго речено налудничава !.

 

„Срцето “ на оваа машина е бензински агрегат со работен волумен од 2.0-литтри, со осум цилиндри поставени во конфигурација во форма на латинската буква  V, со моќност од 334 KS и 215 Nm максимален вртежен момент на располагање!

Покрај сето тоа, тие што имале можност да се качат на него и да го возат, за PGM V8 велат деке е мотоцикл со неверојатна практичност во секојдневни услови на користње.

Во име на вистината, не сме сигурни дека е „практично“ една од карактеристиките што се бара кај мотоцикли со моќ од 300+ KS, но, убаво е да се знае дека пред да дадете гас на отворен пат, на оваа креација на две тркала можете и да појдете до блиската колонијал продавница, по сок или, пак цигари…

Со тежина од 240 kg, PGM V8 не спаѓа помеѓу полесните „спортисти“, но не е ниту така тежок спортски мотоцикл, особено ако се земе во предвид дека Kawasaki Ninja H2 е само три (3) kg полесен, a има „само“ 228 KS.

Компонентите се со високи перформанси, вклучувајќи ги  Ohlins FGRT301 вилушките и Ohlins TTX Mk2 амортизерите.

Тука се и  Marchesini алуминиумските фелни, карбонската каросерија, Akrapovič издувниот систем, како и TFT инструмент табла.

За кротење на големата моќ тука се Brembo GP4 предните клешти, со 320-mm дискови, додека, пак на задните тркала  е Brembo P4 единица, поврзана со вилушка од  Yamahа R1.

Моторот со осум цилиндри има работна зафатнина од  1.996 кубни сантиметри, што на „место“ го држи хром – молибденска шасија со под рам изработен од алуминиум.

Кога станува збор за цената, таа се кажува само ако прашате како заинтересирана странка, a според неофицијалните информации се движи околу  110.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley Davidson подготвува електричен скутер!

BMW работи на електрични мотоцикл!

BlackBerry наместо мобители ќе произведува е-мотоцикли!

Suzuki подготвува Katana со помала зафатнина!

CF Moto и KTM ја прошируваат соработката

Honda произведе 400 милиони мотоцикли

Новиот мотоцикл превоз од иднината

Почнаа нарачките за производната верзија BMW R 18 concept

Harlеy-Davidson го потврди новиот HD350