Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Достапните патенти на  компанијата Piaggio сугерираат дека следната генерација на MP3 скутерите може да добие подвижни „крилца”…

Скиците за патенти покажуваат добро познат модел со две клапни („крилца” вратички) од двете страни на големиот преден оклоп, освен што би бил еден од првите скутери со некаква форма на аеродинамични помагала, новиот систем истите би ги „учел” да се движат.

Кај така наречените „активни“ аеродинамички системи, клапите не остануваат статични додека возите, туку реагираат на начинот на кој се управува машината.

Тие, наводно, работат најдобро со брзина над 50 км на час, давајќи поголема стабилност при влегување и излегување од свиоци, генерално зголемувајќи ја стабилноста во возењето.

Клапните можат да се движат самостојно или заедно, зголемувајќи ја ротацијата на скутерот додека се навалува во свиоците.

Кога едното е поставено нагоре, а другиот надолу, активниот аеродинамичен систем обезбедува ротирачки модем на вратичката поставена нагоре, зголемувајќи го аголот на влегување во свиокот, како и брзината на излегување од истиот.

Кога ќе се поместат заедно нагоре тие создаваат дополнителен аеродинамичен потисок на предното тркало, а кога ќе се спуштат – го намалуваат притисокот на предниот дел.

И, иако скиците го покажуваат MP3, постои можност дека станува збор само за мамка, бидејќи овој систем е „ како дома“, односно посоодветен на многу поспортските модели на групата Piaggo, како што се на пример RSV3 или Tuono V4 1100.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“

Освежување и неколку новини за Lexus LC 500