Picasso 660 LMS супер автомобил од Швајцарија со 660 КС

Името Picasso е, за сите нас возачи, синоним за моделите на мини-ван на Citroen, Xsara и C4 Picasso…

Но, бидејќи таа наставка повеќе не постои кај француската марката, од 2020 година, Picasso стана одредница во автомобилскиот свет за швајцарската марка на лесни суперавтомобили.

Основана е од Стефано Пикасо и Роберт Вајлд, со цел дизајнирање, инженерство и производство на лесни супер автомобили и високи перформанси во Сан Виторио.

Picasso Automotive вчера го претстави својот прв сериски модел, 660 LMS. Супер автомобилот со каросерија од јаглеродни влакна и придвижуван од twin-турбо V6 мотор ќе се произведува во ограничен број од 21 примерок, по цена од 820 илјади евра без давачки. Овој модел првично беше претставен како PS-01.

Во однос на стилот, Picasso 660 LMS вклучува ниска силуета со централно монтиран мотор и истакнати аеро компоненти кои генерираат до 960 килограми вертикален потисок при максимална брзина од 315 km/h.

Целата каросерија е изработено од карбонски влакна, со изразени браници, голем делител, отвори меѓу фаровите, масивни отвори од страната, рачно прилагодливо задно крило и голем дифузер, како и 19-инчните и 20-инчните ковани тркала инспирирани од McLaren се обложени со гуми Pirelli P Zero Trofeo R.

Централно монтираниот алуминиумски twin-турбо трилитарски V6 мотор со сув картeр произведува 485 kW (660 коњски сили) и 720 Nm максимален вртежен момент.

Иако овие спецификации звучат слично на Maserati MC20, Picasso нагласува дека моторот го добиваат од компанијата Autotecnica Motori, која е конкурент на брендот од Модена.

Силата се пренесува на задните тркала преку шест-брзинскиот секвенцијален менувач на Sadev.

Титаниумскиот издувен систем е направен од SC-Project, познат производител на издувни системи за мотоцикли.

660 LMS е базиран на лесна монококна (самоносечка) шасија развиена од компанијата и произведена со помош на NuTeCo во Италија.

Задната рамка е исто така направена од истиот лесен материјал, што резултира со мала тежина од 980 килограми.

За суспензијата се грижи производителот и се состои од алуминиумски двојни лостови со придушувачи.

Сопирачките се претставени преку дискови со дијаметар од 350 милиметри со шест клипни моноблок алуминиумски клешти на Brembo напред и дискови со дијаметар од 355 mm клешти со четири клипа назад.

Добива и влошки за сопирачките и Bosch прилагодлив ABS систем.

Ќе додадеме дека 660 LMS доаѓа опремен со виртуелен сензор DAI на Easyrain кој предвидува губење на стисокот поради тешките услови на патот и го предупредува возачот.

Внатре во кабината наоѓаме мат финиш од јаглеродни влакна, волан направен од такви влакна обвиткан во Алкантара, пар седишта Sabelt со безбедносни појаси со шест точки, 7-инчен екран на допир за мултимедијален систем, многу физички копчиња и две дигитални ретровизори со иста дијагонала како и онаа што има екран на допир.

Picasso 660 LMS дебитираше на приватен настан, изложбата Top Marques Monaco, но официјално беше претставен пред јавноста на 9 јуни, од принцот Алберт II, монарх од Монако.

Супер автомобилот е веќе достапен за нарачка, а производството и испораката треба да стартуваат во втората половина на 2023 година.

Picasso планира да продаде дваесет единици од 660 LMS, задржувајќи го првиот модел во своето седиште.

Ние би додале дека истоимениот славниот сликар сигурно би бил посреќен со овој автомобил од гореспоменатите на Citroen.

Се разбира, под претпоставка дека во склад со неговата склоност кон уметност, тој претпочитал помалку практични форми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Chery TJ-1

Премиера на новите модели на BMW Series 5 и BMW i5

Opel ja претстави новата Corsa

Подновен Mercedes GLS

Geely Boyue Cool

Saleen SA-40 Mustang Speedster Anniversary Special

Hyundai Sonata модел за 2024-та

2024 Range Rover

Кампања за електрификација: „ Pumped with energy (Исполнета со енергија) – Opel Mokka Electric“