Piëch Mark Zero спортист на струја -Нова приказна на семејството Porsche

Спортско coupe со еден електромотор од 150 kW инсталиран напред и два назад (со вкупна моќ од 612 KS) од место до „стотка“ забрзува за 3.8 секунди,а постигнува топ брзина од 260 km/h и според WLTP протоколот има автономија на возење од 500 km…

Една од атракциите на актуелниот Салон за автомобили во Женева е и Piëch Mark Zero.

Новиот бренд не е создаден случајно. Зад него стои Антон тони Пих (Anton –Тoni  Piëch),синот на до неодамна големиот бос и ко сопственик  на Volkswagen, Фердинад Пих и правнук на легендарниот конструктор Фердинад Порше (Ferdinand Porsche).

Германско – Швајцарската компанија Piëch Automotive веќе со првиот проект ги покажа големите амбиции.

Атрактивното  coupe претставува концепт на „паметно градење“, со комбинација на челик, алуминиум и композитни материјали.

На салонот во Женева е преставена потполно електричната верзија, a во подготовка се и изведби со хибриден погонски склоп, со горивни ќелии (хидроген)  како и турбо бензинска верзија со мотор на внатрешно согорување.

Спортскиот автомобил Piëch Mark Zero што е прикажан на Женева e задвижуван со три електромотори со моќ од по150 kW, значи располага со вкупна моќ од 450 kW (612 KS).

Едниот преку диференцијал ги задвижува тркалата на предната оска, a назад е одвоен погон секој електромотор задвижува по едно задно тркало, без посредување на диференцијал.

Атрактивниот GT автомобил со маса од 1800 kg од 0 до 100 km/h забрзува за 3,8 секунди, a максималната брзина, поради штедење на струја и зголемување на автономијата на возење со едно полнење на батериите е електронски лимитирана на 180 km/h.

Инаку без ограничувањето ова електрично coupe би јурело со топ брзина од 260 km/h.

Според новиот WLTP циклус со едно полнење на батериите може да помине до 500 km.

Можеме само да потврдиме дека поговорката „Крушата паѓа под круша“ уште еднаш е потврдена во случајот на внукот на легендарниот конструктор Фердинанд Порше

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руси и се е можно – Од Bentley направил тенк!?

Обновен Citroën Scarabee d’Or првото возило што ја минало Сахара!

BMW i3 -хит за полицајци пожарникари и итна служба…

Баварците ја одбележуваат 35 годишнината на Series 5 со лимитирано издание

Renault Zoe такси што самостојно вози!

Книгата за брендот Bentley поскапа од автомобил на оваа марка!

Посебна серија Smart ForTwo FCE #21- за збогување со бензинците

Porsche Driving Expеrience-нова авантура и промоција на новиот 911 во Македонија

Новиот Alfa Romeo 8 C – Hybrid co 800 KS