Pininfarina го претстави најдобриот симулатор за возење во светот

Од Pininfarina сакаат да овозможат подобра понуда на клиентите со истражување на нови методи и реализации за искуството на корисниците…

Резултатот од нивниот нов проект се нарекува AutonoMIA, најмодерниот и најдобриот симулатор за возење.

Компанијата со седиште во Торино ја проучува и усовршува најновата технологија за создавање на најдобро искуство во возењето.

Така е создаден симулаторот AutonoMIA, кој има за цел да им обезбеди на научниците и креаторите на возилата Pininfarina подобар увид во тоа што можат да го направат нивните возила.

„AutonoMIA покажува како Pininfarina може да комбинира дизајн со креативна технологија, користејќи работно искуство во време кога дигитализацијата, поврзувањето, податоците и вештачката интелигенција значително ја дефинираат подвижноста“, рече извршниот директор на компанијата, Силвио Пиетро Ангори.

AutonoMIA е реална симулација која ги користи сите закони на физиката и ви овозможува да возите автомобили Pininfarina, пред истите да ја напуштат фабриката (односно пред да станат финални производи).

На тој начин, може да се утврди како ќе се однесуваат одредени модели на патот, што им овозможува на дизајнерите и инженерите постојано да прават измени и да ги подобруваат возилата сè додека не добијат совршен модел.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi најавува „пионерски” модели со висока ефикасност”

Новите модели на Fiat нудат заштита од вируси!

Видео Škoda Superb iV и VW Passat GTE паднаа на тестот „северен eлен”!

Lancia Ypsilon Hybrid EcoChic

Peugeot управувач: Од едноставна “рачка” до мултифункцонален управувач

Во BMW применета вештачка интелигенција за фарбање каросерии

Ferrari нема да произведува електричен супер автомобил -струјата се уште заостанува со перформансите!

Според Ford: Ford Focus ST e супериорен во однос на VW Golf GTI

EuroNCAP со нови прописи и построги критериуми