Pininfarina  планира електрична лимузина и СУВ

Откако на годинешното издание на салонот за автомобили во Женева го претстави моделот Battista (со 1900KS и 2300 Nm, од 0 до 100 km/h спринт за околу две секунди и топ брзина од над 350 km/h),италијанската работилница за каросерии, со славно име Pininfarina сега има намера да ја прошири својата понуд …

Веста е добиена од Михаел Першке (Michael Perschke ), шефот на Pininfarinia,кој во интервјуто за AutoNewsu најавил два новитета.

Имено, Першке рекол дека Pininfarina, потпомогнат од индискиот производител на автомобили Mahindrа, во чие сопственост, патем речено е италијанската работилница, има сериозни намери да стане значаен играч во сегментот на хипер автомобили и супер луксузни возила.

Притоа тој истакнал дека никако не сакаат да бидат – one-hit wonder и по Battistа, планираат да развијат електрично задвижувана  лимузина но и SUV модел.

Першке признал дека Pininfarina е во потрага по партнер од кого би можел да позајми или со кого би развил платформа на која би се базирале тие два нови модела на автомобили.

На тој начин би се забрзал процесот на развој, воедно би се намалеиле и трошоците за истиот и…..

Така тие две возила на пазарот би можеле да стигнат во временска рамка од три години.

Потоа целта е во нив да се имплементираат батерии со капацитет помеѓу 100 и 125 kW, како и да се понуди автономија на возење со едно полнење на батериите од околу 600 km.

Цената на тие возила би се движела помеѓу 200.000 и 400.000

 

Першке кажал дека би сакал тие автомобили да се произведуваат во Италија, но всушност се уште се бараат соодветни локации, бидејќи во Pininfarinа не се премногу задоволни со поттикнувањата (субвенциите) што италијанската влада ги нуди на производителите на електрични автомобили.

На крајот додаваме дека производната серија на моделот Battista изнесува 150 примероци, од кои, досега, се резервирани околу  70 до 80 примероци .

Со други зборови околу половина од серијата е се уште достапна. Цената е околу две милиони евра по примерок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес

Најавен хипер автомобил – Czinger 21C на Palexpo 2020

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Електричниот ѕвер Pininfarina Battista почна со тестови на тркачка патека

Apex Motor со нов „спортист“ на Palexpo 2020!