Автомобилската индустрија со децении се потпира на метални пружини, но и тоа наскоро ќе се промени.
Имено, се чини дека е пронајдено полесно и поиздржливо решение, а тоа е пластика засилена со стаклени влакна. Целта е да се заштеди на тежина, што е особено важно за електричните автомобили, кои веќе се борат со преголема тежина. Еден од поважните системи каде што може да се заштеди тежина е суспензијата.
Пластичните пружини засилени со фиберглас обезбедуваат аштеди на маса (тежина) до 75% во споредба со традиционалните челични пружини. Друга предност е отпорноста на корозија.
Покрај намалувањето на тежината, производителот Rheinmetall истакнува дека овој тип на амортизери има и поголема стабилност при возењето, како и оптимални карактеристики на бучава, вибрации и мекост. Нивната форма се разликува од металните пружини, кои се во форма на спирала. Имаат висока отпорност на замор и ја задржуваат основната функција дури и при мало оштетување. Пружините за прв пат беа инсталирани во прототипот на Mercedes EQXX. Се претпоставува дека овие пружини прво ќе го најдат патот до премиум електричните автомобили.