Plug-in хибридите не се така „чисти“ загадуваат три пати повеќе од наведеното!

Експертите истражувале, тестирале, анализирале и утврдиле дека Plug-in хибридите во реалноста не сетолку eco-friendly настроени и може да емитуваат до три пати повеќе CO2, возејќи во реални услови на пат, од тоа што номинално го наведуваат производителите за своите „еколошки“ пулени!…

Дека се не е така розово како што велат производителите на plug in хибридните модели разоткри серија на истражувања и студии од експерти.  По направените анализи утврдено е дека потрошувачката на гориво кај plug-in хибридните возила (PHEV) е далеку поголема на патиштата од она што се тврди.

Имено, PHEV се напојуваат од комбинација на електромотори и конвенционални мотори на внатрешно согорување. Бидејќи имаат само мал досег на возење само на струја, во просек помеѓу 25 и 40 km, а и возачите „забораваат“ да ги наполнат батериите и наместо тоа избираат да возат само на гориво.

По најавата дека од 2035 година Велика Британија ќе ги забрани сите видови на возила со внатрешно согорување, па така и хибридни, експертите истакнаа дека plug-in хибридите можат да испуштаат повеќе CO2 од еквивалентни бензински модели, кои се поефикасни кога станува збор за горивото бидејќи не се тешки како хибридите (поради комбинација на мотор и батерии).

Студијата на The Miles Consultancy (TMC), специјализирана компанија за мотори, ревизија на потрошувачката на гориво кај PHEV флотите, откри дека најпопуларните plug-in хибридни возила на BMW, Mitsubishi, Mercedes и Volkswagen трошат од два и пол до три пати повеќе од официјалните тврдења.

Потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 поголеми од номинална

Автомобилите со официјална емисија на CO2 пониска од 50 g/m, реално емитува повеќе од 150 g/km во реални услови на возење, велат експертите.

Тие наоди се поткрепени од академската студија направена во Норвешка во 2018 година за plug-in хибридите во која е заклучено дека просечната годишна емисија на CO2 е околу 2,5 пати поголема од вредноста наведена во официјалниот тест за емисија на CO2.

И тестовите на Emissions Analytics, за потрошувачката на гориво кај PHEV кога батериите не се наполнети, исто така покаже алармантно висока потрошувачка на гориво, а една од причините за тоа што компаниите ги стимулираат возачите да точат гориво во возилата, користејќи картички од компаниите, наместо да ги полнат батериите на автомобилите дома и самите плаќаат сметките за „струја“.

Пол Холк, директорот на TMC смета дека „постои реален ризик возачите да ги усвојуваат PHEV возилата од сосема вистински причини, но не знаејќи всушност ги зголемуваат своите сметки за гориво. Тој рекол и дека „според нивните докази, прашање е дали некои plug-in хибридни возила некогаш воопшто и виделе полнач и кабел за полнење “.

Неправилна употреба (возење) на plug – in хибридите

Ема Кметович, транспортен тим-лидер во Комитетот за климатски промени во Велика Британија истакнува: „Кога се наполнети како што треба, plug-in хибридните возила им овозможуваат на возачите да го поминат поголемиот дел од своето патување исклучиво во електричен мод. Но, постои грижа дека plug-in хибридите не се користат како што треба, со што емисијата на CO2 е повисока. До крајот на годината, повеќето од новите целосно електрични возила ќе бидат способни да минат и до 250 km со едно полнење, а потребата за plug-in хибриди ќе опадне“.

Од Mitsubishi во Велика Британија истакнуваат дека нивниот Outlander PHEV е тестиран за емисија на гасови и економичност за горивото во целосно наполнета состојба и дополнителните перформанси кои батериите ги додаваат имаат значителен удел во општата ефикасност.

Во нашите промотивни материјали истакнавме дека официјалните бројки се само за потрошувачка споредено со слични возила, што може да не се одрази во реално возење“, велат од Mitsubishi.

Компанијата имала истражување за PHEV возила на Mitsubishi според која 96% од сопствениците на автомобили ги полнеле своите возила барем еднаш неделно, а 68% секој ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

KIA со помош на Rimac подготвува електричен автомобил

VW со супер брзи полначи за EV за кои не е потребна посебна инфраструктура

Lexus EЅ со камери наместо ретровизори

Automechanika Франкфурт и APRA Europe промовираат нов одржлив тренд- префабрикување!

Porsche Cayman GT4 и Boxster Spyder наскоро  со автоматски менуач!

Зошто ЕУ става акцент на алтернативните видови на горива

Новиот VW Passat пристигнува 2021 или 2022 и тоа на струја!

Volvo и  Varjo  со прва употреба на мешана реалност за развој на автомобили !

Тивко влечење: Opel Grandland X со електричен погон на сите тркала