По 12 етапи и над 8.000 километри низ пустина заврши Дакар Рели 2022

По 8.099 километри заврши релито Дакар со кое традиционално се отвора сезоната на авто и мото спортовите. Оваа пустинска маратонска авантура се возеше во Саудиска Арабија…

Во автомобилската трка најбрз подобро кажано најкомпетитивен и најмудар беше Насер Ал-Атијах (je Nasser Al-Attiyah), возачот на тимот на Toyota Gazoo Racing, кој победи на Toyota Hilux со 27′:46 “пред деветкратниот светски шампион во WRC. Себастиен Леб (Sebastien Loeb), во Hunter за Bahrain Rad Extreme тимot. Третото место исто така му припадна на возачот на Toyota Hilux, но за тимот Toyota Overdrive.

Audi Sport, тим кој привлече големо внимание и поради тоа што се врати во Дакар, но највеќе поради автомобилот RS Q e-tron чии тркала беа придвижувани од електрични мотори и електрична енергија обезбеден од TFSI четирицилиндричен мотор од прототипот DTM кој функционира како генератор. Со три автомобили и шампионски екипи, Audi нема причина да не биде задоволен од своето деби на е-tron. За време на релито тие немаа никакви проблеми предизвикани од погонот. Имаа кршења во системот на потпирањето, амортизерите, но многу научија за следната година.

 

Најдобро пласиран беше Матијас Екстром (Mattias Ekstrom ) на деветтото место, а Карлос Саинц (Carlis Sainz), трикратниот победник на Дакар на 12. место. На сите им е јасно дека на релито Дакар 2023 година, Audi ќе биде сила што треба да се победи.

 

Поз. Бр                  Возач/Совозач                               Тим                        Време

 

1    201              (Qat) Nasser Ak-Attiyah

(And) MatthieuBaumel             Toyota Gazzo Racing        38h 33′ 03”

2    211             (Fra) Sebastien Loeb

(Bel) Fabian Lirquin                 Bahrain Raid Xtreme         39h 00′ 49”

+ 00h 27′ 46”

3   205               (Sau) Yazeed Al Rajhi

(Gbr) Michael Orr                    Overdrive Toyota               39h 34′ 16”

+ 01h 01′ 13”

 

Во конкуренција на мотоциклисти правдата е задоволена. Победникот е Сем Судерленд (Sam Suderland) на мотоцикл GasGas, возач кој за малку ќе го загуби своето место на овогодинешното рели Дакар. Тимот на фабриката GasGas го ангажираше поранешниот победник на Дакар во ноември минатата година, нешто повеќе од еден месец пред почетокот на релито, и ја направи вистинската работа.

Второто место му припадна на фабричкиот возач на Honda, Пабло Кинтанила (Pablo Quintanilla), а на третото возачот на фабричкиот КТМ Матијас Вокнер (Matthias Walkner), кој реално имаше големи шанси да победи исто како и фабричкиот возач на Адриен Ван Беверен (Adrien Van Beveren), фабрички возач на Yamaha кои беа во водство по неколку етапи.

 

 

Поз. Бр                             Возач                            Тим                                  Време

 

1       3     (Gbr) sam Sunderland      GasGas Factory Racing                 38h 47′ 30”

2       7     (Chl) Pablo Quintanilla   Monster Energy Honda                  38h 50′ 57”

+ 00h 03′ 27”

3     52    (Aut) Matthias Walkner    Red Bull KTM Factory Racing     38h 54′ 17”

+ 00h 06′ 47”

 

Во конкуренција на камиони немаше прашање која марка ќе победи, кој возач со кој екипаж. Дмитриј Сотников и неговата екипа Руслан Ахмедов и Илгиз Ахмеџијанов ја одбранија титулата што ја освоија минатата година на Kamaz Master. Второто место му припадна на Едуард Николаев исто така во Kamazx Master со нешто помалку од 10 минути заостанување по повеќе од 8.000 километри, а третото место му припадна на Антон Шибалов, не треба да се спомнува и тој во камион на Kamaz Master.

 

Поз. Бр.       Возач/Екипa                        Тим                                     Време

 

1    500 (Rus) Dmitry Sotnikov

(Rus) Ruslan Akhmadeev

(Rus) Ilgiz Akhmetzianov         Kamaz Master                     41h 37′ 34”

 

2   505 (Rus) Eduard Nikolaev

(Rus) Evgenii Iakovlev

( Rus) Vladimir Rybakov      Kamaz Master                           41h 47′ 32”

+ 00h 09′ 58”

3   501 (Rus) Anton Shibalov\

(Rus) Dmitrii Niktin

(Rus) Ivan Tatarinov          Kamaz Master                             42h 48′ 45”

+ 01h 11′ 11”

Во конкуренција на лесни прототипови, Франциско Лопез Контрадо (Francisco Lopez Contrado ) победи за тимот на EKS South Racing, неговиот тимски колега Себастијан Ериксон (Sebastian Eriksson) беше втор, а трета беше одличната Кристина Гутиерез Хереро (Cristina Gutierrez Herrero ) за Red Bull off-road team USA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Победничкиот болид на Шумахер Ferrari F300 на аукција

Новата генерација на Ford Mustang пристигнува следниот месец!

Stellantis ја раскинува „дружбата„ со кинескиот партнер GAC

Продажбата на VW Group во драстичен пад во однос на минатата година

Трет триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup

Honda размислува за враќање во F1

Нов тркачки викенд на Twingo Cup на Гробник со рекорден број возачи

Наспроти сите други производители Dacia со раст на продажбата во првото полугодие

Цените на горивата продолжуваат да одат „горе – долу“