По речиси две децении Audi нема да ги спонзорира „кралевите“ од Мадрид ги „истурка“ BMW

Шпанска Marca пренесе една интересна вест за оние кои (без да трчаат по „бубамарата“) го сакаат фудбалот, како и за „луѓето кои веруваат во бензин“…

Имено, Audi, кој е главен спонзор на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, во таа улога се појавува речиси дваесет години (почнувајќи од 1 јули 2003 година). Овој епилог не е чуден, со оглед на фактот дека пропаднаа средбите за продолжување и проширување на соработката меѓу двете страни, одржани на крајот на 2021 година.

Ова  официјално требљше да биде објавено деновиве, можеби преку свеченото предавање на возилото на играчите на кралскиот клуб, оние произведени во фабриките на BMW Group.

Бидејќи во меѓувреме, регионалната прес-страница на баварскиот производител на автомобили споменува дека двете страни постигнале договор чија цел е „развој на различни иницијативи за одржливост во нејзините различни аспекти“.

Еве извадок од таа изјава: „Со склучувањето на оваа алијанса, која ќе се активира на 1 јули, двете институции ќе влезат во заедничка работа на унапредување на спортот, зачувување на природата и различностите преку дејствување во различни области, за што наскоро ќе биде повеќе дискутирано“.

BMW влезе во оваа врска една година откако италијанската филијала на баварскиот брендот потпиша договор со клубот од Милано, на кој начин стана долгогодишен партнер на фудбалскиот клуб.

Пред неколку години, BMW беше во „нападн“ на фудбалскиот клуб Баерн Минхен, но спортистите од клубот Баерн останаа лојални на Audi, барем до 2029 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји