Победничкиот болид на Шумахер Ferrari F300 на аукција

Ferrari F300 на седумкратниот Формула 1 шампион Михаел Шумахер ќе биде продаден на аукција во август.

Станува збор за болид од 1998 година во кој легендарниот пилот Михаел Шумахер (Michael Schumacher) освои четири од шест победи таа сезона. Автомобилот го придвижува 3.0-литарски V10 мотор кој развива 800 КС.

Сега, за прв пат во историјата, Ferrari F300 е понуден на продажба, а ќе се продава на аукцијата на RM Sotheby’s Monterey во август.

Со оглед на тоа дека го возеше легендарниот Шумахер, се очекува висока цена.

На шасијата на автомобилот се наоѓа бројот 187, а Мајкл возејќи го овој F300 ја постигна првата победа во Канада со предност од 16 секунди.

Го забележа и најбрзиот круг.

Следната победа ја прослави во Франција, а потоа и во Велика Британија. Тој го постигна четвртиот на трката за Големата награда на Италија.

Формула 1 шампион во 1998 година сè уште беше Мика Хакинен (Mika Hakkinen), додека Шумахер заврши на второто место.

Ferrari го задржа овој автомобил до септември 1999 година, кога го продаде, а тој купувач сè уште го поседува до ден-денес.

Автомобилот е во фантастична состојба, а новиот сопственик се очекува да издвои меѓу 6 и 8 милиони американски долари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата генерација на Ford Mustang пристигнува следниот месец!

Stellantis ја раскинува „дружбата„ со кинескиот партнер GAC

Продажбата на VW Group во драстичен пад во однос на минатата година

Трет триумф на Марко Блажевски во Twingo Cup

Honda размислува за враќање во F1

Нов тркачки викенд на Twingo Cup на Гробник со рекорден број возачи

Наспроти сите други производители Dacia со раст на продажбата во првото полугодие

Цените на горивата продолжуваат да одат „горе – долу“

Електричниот Ford Bronco  пристигнува во Европа но само во ограничена серија