Почна продажбата на новиот VW Golf8 цената на стартот солена 27,510 евра!

На пазарот во германија веќе се наоѓаат првите примероци оа автомобилската икона – VW Golf во неговата осма генерација и стартува навистина жестоко, па и во однос на цените ….

Као што беше и најавено, Volkswagen од петти декември почна со продажбата на долго очекуваниот Golf од осмата генерација, но шок предизвика цената што за стандардно опремениот со дигитален кокпит и online конекција, во комбинација 1.5 TSI мотор со 130 KS ќе почнува од 27.510 евра, за Life нивото на опременост.

 

Стандардната опрема на во моментот базниот модел вклучува и автоматски клима уред, како и цела низа на денес вообичаените безбедносни системи за асистенија, а исто така, предните и задните светлосни групи се во LED технологија.

Нивото на опрема Life нуди и опција за индивидуализација, како и атрактивни тркала со големина од 16-инача со алуминиумски фелни, навигација и детали во внатрешноста пресвлечени со кожа.

Од Volkswagen со стартот на продажбата уште еднаш апострофира дека нивоата на опременост се ревидирани (побогати), но и дека основниот модел, со основниот нензински 1,0 TSI мотор со три цилиндри ќе има пниска цена од 20.000 евра.

Сепак, тој на пазарот ќе пристигне дури наредната година кога ќе се појави заеднос о нивоата на према Life, Style и R-line.

Инаку, во понуда, сега на стартот, се четири мотори: два TSI бензински, 1.5 со 130 и 150 KS, како и два дизели 1.6 TDI со 115, односно 2.0 TDI со 150 KS. , последниот дизел е сосема нов и нуди за  17% пониска потрошувачка во споредба со неговиот претходник.

И уште една новост на радост на гупувачите, од Volkswagen на  новиот Golf го  продолжуваат сервисниот интервал на дури 24 месеци.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен Ferrari поскаш од оригинлен, нов!

Годинава се очекува промоциј на нови BMW M3 и BMW М4

Renault на годинешниот Rally Dakar настапи и со хибриден камион!

И возилата може да се одбранат од хулигани докажа Тesla Model 3„

Jaguar Land Rover со седишта што симулираат „џогирање“

Најпродавани автомобилски брендови во 2019 според focus2move!

По рекордната 2019 Lamborghini со големи планови за 2020 година

Познатото лондонско такси и во Токио!

Во април BMW ќе се збогува со хибридниот спортист i8!