Почна производството на Brabham BT62 во Австралија

Претставниците на Brabham Automotive, деновиве,потврдија дека во Аделаида, Австралија стартува производството на нивниот хипер автомобил BT62…

За време на Гудвуд (Goodwood) Фестивалот на брзината, Дејвид Брабхам,  основачот и сопственикот на компанијата, рекол дека првите три примероци од моделот BT62 ќе бидат достапни на купувачите во првиот квартал на идната 2020 година.

„ Работите тргнаа, навистина имавме неколку одложувања, но сето тоа, главно, беше поради снабдувачите. Исто така на некои работи влијание имаше и фамозниот „Брегзит“. Но сето тоа сега е зад нас во моментов инвестираме во фабриката “, изјавил Дејвид.

Имено, имал намера првиот примерок на  BT62 да го достави на купувачот во Германија веќе следниот месец – август, тековната 2019 година.

Меѓутоа, купувачот не правел проблем поради одлагањето на доставувањето на оваа хипер спортска машина наменета за возење по тркачките патеки.

На крајот на краиштата, одложувањето на доставувањето на новите автомобили и не е нешто невообичаено во автомобилскиот свет.

Купувачите кои успеале да го купат нивниот автомобил од соништа се волни да почекаат колку е потребно за нивниот автомобил да биде подготвен.

Иако, Brabham BT62 е лансиран како возило за тркачките патеки, компанијата најави дека ќе изработи Body-kit што ќе го направи „легален“ и за возење по јавни сообраќајници.

Без оглед на тоа дали Brabham BT62 ќе стане легален за возење по јавни патишта , или не, тој е вистинска „ѕверка на тркала“.

Имено под неговата долга хауба чука моќно „срце“ на октански агрегат со работен волумен од 5.4– литри, со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V, што испорачува моќност од 700 KS и 667 NM максимален вртежен момент.

Агресивниот body-kit ќе допринесе кон создавање на голема потисна сила кај автомобилот.

Инаку, производството на овој тркачки хипер автомобил официјално стартува пред неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cupra Concept подготвена за Салонот во Франкфурт

Се враќа „монструмот“ Saleen 7 и пристигаат и два новитета!

Во Италија испитуваат со нова максимална брзина на автопат 150 km/h

И Toyota со Rover -концепт возило за освојување на нови планети!

Погонскиот мотор на Porsche за Formula Е

Новиот BMW X6 M пристигнува 2020

C8 Corvette – 2020 дебитира под името Stingray!?

Слеп механичар со полн гас возел низ пустина!

Најбрза куќа- колиба на тркала!