Почна производството на електричниот Volvo C40 Recharge

Volvo официјално започна масовно производство на својот нов електричен модел C40 Recharge во фабриката Гент во Белгија.

Новиот C40 Recharge може накратко да се опише како crossover – coupe  верзија на електричниот XC4. Премиерата на овој модел, претходно оваа 2021 година, се совпадна со најавата на Volvo дека до 2030 година ќе се префрли само на производство на електрични возила.

Во споредба со XC40, C40 Recharge првенствено се одликува со малку пониска линија на покривот и изменет заден дел. Има и мали промени во предниот дел, со дотеран браник и нови фарови кои исто така се одликуваат со „технологија на пиксели“.

Во однос на габаритот C40 Recharge е скоро 7 см понизок од XC40, додека должината и ширината се малку зголемени. Исто така, треба да се напомене дека просторот за главите на задните патници е помал за 4 см (поради стилистичкото дотерување и формата на crossover – coupe.

Автомобилот е долг 4431 mm, широк 2035 mm (со надворешните ретровизори), висок 1582 mm, а растојанието помеѓу оските се протега на 2702 mm.

Погонот го обезбедуваат електромотори со вкупна моќност од 300 kW / 408кс и 660 Nm,  максимален вртежен момент, додека има и батерии со капацитет од 78 kWh и погон на сите четири тркала.

Со едно полнење на батеријата, опсегот е 420 километри (по циклус WLTP), додека на брз полнач е можно да се полни до 80% од капацитетот на батеријата за околу 40 минути.

Забрзувањето од 0 до 100 км / ч трае 4,9 секунди, додека пак максималната брзина е електронски. ограничен на 180 км / ч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период