Почна сериското производство на електричниот VW ID.3

Како што пренесуваат светските агенции, германската автомобилска групација Volkswagen  и официјално, вчера, стартува со сериското производство на својот електричен автомобил „ID.3“, во склоп на нејзините настојувања да стане светски лидер во областа на e- мобилноста…

Церемонијата за стартување на фабричкото производство, е одржана во фабриката на Volkswagen во градот Цвикау (Zwickau) , во Германија, а на истото присуствувале , помеѓу другите и: извршниот директор на VW Херберт Дис и канцеларката на Германија Ангела Меркел, пренесува CNBC.

Во пригодниот говор Дис, помеѓу другото рекол дека моделот ID.3 дава „важен придонес во развојот не e-мобилноста“.

„ Ќе направи еколошката индивидуална мобилност стане достапна на милиони луѓе и пресвртница е за нашата компанија на патот кон климатска неутралност до 2050 година“, дополнил првиот човек на VW Group.

Инаку ID.3 би требало да биде лансиран речиси „едновремено“ на пазарите на Стариот континент во текот на летото наредната 2020 година, при што основната верзија на моделот ќе биде пласирана по цена помала од 30.000евра, во Германија.

Погонот во Цвикау во моментов минува низ трансформација – од фабрика за мотори на внатрешно согорување во фабрика каде ќе се произведуваат само електрични возила.

Во реконструкцијата на фабриката, компанијата Volkswagen вложува 1,2 милијарди европски банкноти, a истата, како е соопштено, од 2021 година ќе има капацитет за годишно производство на 330.000 возила на електричен погонски систем.

Германскиот автомобилски гигант VW планира да лансира „речиси 70 нови електрични модели“  до 2028 година, a од Компанијата во март тековната 2019 година  најавија дека ќе потрошат повеќе од 30 милијарди евра на електрификација на нивното портфолио на возила до 2023 година.

Покрај тоа, од VW, минатата недела соопштија дека нивните приходи од продажбата, во период од јануари до септември, достигнале износ од 186,6милијарди евра, што е за 6,9 проценти повеќе одошто во истиот период минатата 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зимата доаѓа! -Аутомакедонија во овозможува да бидете подготвени

Toyo Tires со „Зимска понуда“ во салоните на Еуроимпекс!

Во Србија наскоро ќе може да се вози и со 150 km/h

Во Лајпциг шочна производството на BMW Series 2 Gran Coupe

Акција на Volvo Cars Macedonia

Господарот на прстените со над девет електрифицирани модели во Кина

Аутомакедонија, нов увозник и дилер на Корејскиот бренд SSANG YONG за Македонија

Премиерата на Škoda Оctavia во живо – денес во 19 часот!

Во  Германија продолжува субвенционирањето на EV