Почна склопување на поедноставни Lada Niva Legend и Lada Niva Travel

Пред неколку дена беше составена првата тест серија на ваквите автомобили…

На производната линија на Тољати се склопени неколку автомобили Lada Niva Legend („стара Niva “) и Lada Niva Travel  („нова Niva “) кои се карактеризираат со намалена опрема.

Според Autonavigator, автомобилите немаат ABS и систем за итни случаи ERA-GLONASS. Наместо увезени појаси (ремени), сега ставаат појаси од Русија.

Во фабриката во Толјати беа собрани вкупно 26 поедноставени Niva. Од нив, 13 се Niva Legend и 13 Niva Travel.

Во првиот случај Niva доби и волан од Lada Priora.

Внатрешноста на Niva Legend остана непроменета, пренесува Autonews Russia.

Во исто време, двата модели сè уште нема да бидат масовно произведени за испорака до дилерската мрежа.

Првата поедноставна Lada Niva Legend треба да се појави во продажба во јули, а моделот Lada Niva Travel ќе биде пуштен во продажба најдоцна во август тековната 2022 година.

Во меѓувреме, АвтоВАЗ масовно го произведува само семејството Lada Granta во поедноставена класична конфигурација, при што таквите автомобили немаат безбедносни системи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

GМ се враќа во Европа со понуда на електрични возила

Ferrari ќе произведува возбудливи EV

Подновен Chery Tiggo 5x

Ferruccio Lamborghini стана член на Автомобилската куќа на славни

Тesla со сопствена лента на граничен премин

Се подготвува наследник на Bugatti Chiron

Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Маск сака брзи сервиси за моделите на Tesla како тие во pit-stop на F1

Toyota ја разви новата Tundra анализирајќи ја таа што поминала милион милји