Почнаа нарачките за производната верзија BMW R 18 concept

Во BMW Motorrad почнаа со примање на аванс на уплати за производната верзија на нивниот R 18 концепт…

Тоа значи дека и финалната варијанта е веќа подготвана да влезе во производство, но за жал се уште никој од специјализираните медиуми не видел како ќе изгледа верзијата што набргу би требало да се пoјави на пазарот.

Кажано најдиректно тоа значи дека и тие што ќеги дадат парите во вид на аванс на уплатата не ќе имаа можност да, барем уште еден извесен период, да го видат мотоциклот за кои издвоиле пари од нивниот буџет.

Како што соопштуваат од ВMW Motorrad, производната варијанта на R18 концептот својата сериска премиера ќе ( би требало) да ја има во текот на претстојната 2020 година.

Веќе сега се знае кои погонски агрегат ќе биде имплементиран во машината на Баварците.

Станува збор за познатиот „боксер“ агрегат со работен волумен од 1.802 кубни сантиметри, што ослободува моќност од 91 KS на 4.750 в/мин и 158 Nm максимален момент на вртење, остварен веќе при 3.000 в/мин.

Од погоре наведеното лесно може да се заклучи дека станува збор за најголемиот „боксер“ агрегат што кога и да е го направиле инженерите на баварските креации на две тркала.

Големиот „крузер“ (крстосувач) со себе ќе понуди и широка опција на прилагодувања, поткрепена со богатото наследство на германскиот гигант, со нешто, на кое во BMW , работат веќе подолго време.

Засега, аванс уплатите е примаат само во Велика Британија, но многу бргу се очекува истата таа опција да им биде достапна и на потенцијалните купувачи на другите пазари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Brixton Crossfire 500

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

 Ducati Hypermotard 950 RVE

Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

MV Agusta планира нов F4