Подновен Audi Q5 уште поалуксузен и технички понапреден

СУВ-возилата дефинитивно ја презедоа иницијативата и кога станува збор за луксузните компактни модели, а  Q5 на Audi тука е неприкосновен, а сега, по затегање на брчките, тој стана уште подобар…

Пред летното затишје имаме можност да се запознаеме со уште еден атрактивен модел.

Станува збор за Q5 кој не треба конкретно да се претстави, доволно е да се каже дека изгледот е во согласност со новите членови на првата постава, а истото важи и за технологијата.

OLED технологија

Со должина од 4,68 метри, редизајнираниот Q5 сега е 19 мм подолг поради новите браници, додека ширината (1,89 м) и висината (1,66 м) останаа непроменети.

Првиот знак се новите стандардни LED „светилки!”, од предна и од задна страна, а за прв пат (опција) се нуди OLED технологија.

Предната решетка е исто така променета, а со тоа и големината на вшмукувачите за воздух, односно дифузорот на задниот крај.

Сето ова важи за основниот модел, но и за plug-in-хибридoт од една страна и за спортскиот SQ5 од друга страна.

Исто така, понудени се и нови бои, меѓу кои особено интересна е District зелената боја.

Нова е и линијата на фелни и тоа со големина до 21 инч.

Полуксузна внатрешност

Внатре, доминантниот дигитален кокпит што е придружуван од 10,1-инчен MMI дисплеј со новата MIB 3 мултимедија.

Способноста за мрежно поврзување со мобилни уреди е поддржана како што се очекуваше.

Клиентите на Q5 можат да избираат помеѓу три внатрешни дизајни: базена, interior design selection и interior S line.

Купувачите повеќе ќе се радуваат на новата комбинација на ентериер што користи кожа за тапацир, ореово дрво, но и моќен аудио систем на bang & Olufsen, со 705 W, со 19 звучници (со доплата).

Понуа на агрегати

Понудата на почетокот стартува со 40 на TDI верзијата во Европа,  со 2,0 дизел мотор од 204 КС и 400 Nm, што комбинира блага (mild) хибридна технологија.

Тој агрегат од 0 до 100 км/ч забрзува за 7,6 секунди и постигнува максимална брзина од 222 км/ч.

Американците веќе потврдени поклоници на бензинците, посилниот со 2.0 TFSI мотор од 265 КС и 370 Nm, и 55 TFSI e quattro во форма на plug-in хибрид. Има ист мотор, но со електрична помош испорачува моќ до 367 КС и 500 Nm.

Конечно доаѓа перформанс верзијата SQ5 со  турбо бензински мотор со работен волумен од 3,0 –литри, познатиот TFSI, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со моќност од 354 КС и 500 Nm., максимален вртежен момент .

Audi Q5 започнува во Германија по цена од 48.700 евра за дизел-верзијата, додека почетниот модел во САД (Q5 45 TFSI) чини 43.300 американски долари, што е на ниво на сегашниот модел.

Интересно е што хибридните изведби ќе чинат 51.900 долари, што е за илјада долари помалку од претходниот модел.

Audi Q5 се произведува во фабриката „Сан Хозе Чипа“ во Мексико, а продажбата е предвидена да започне  есента  тековната 2020 година, додека во салоните се очекува до крајот на годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)