Подновен Changan CS75 Plus

Пред нешто повеќе од две и пол години, Changan, на саемот за автомобили во Шангај ,го претстави crossover моделот CS75 Plus долг 470 сантиметри, кој наскоро ќе се најде на пазарот во ре – стилизирано издание…

Промените се однесуваат на предниот дел (со нова маска, светла и браник), а мали промени претрпеа и задните светла.

Покрај тоа, алуминиумските тркала се нови, а палетата на бои ќе биде побогата.

Обновениот CS75 Plus ќе биде достапен во Кина со 1,5-литарски турбо бензинец од 178 КС што доаѓа во комбинација со шест ( 6) -брзински автоматски менувач, како и 2,0-литарски турбо бензинец со 233 КС, при што помоќната верџија ќе доаѓа во комбинација со осум (8 ) – брзински автоматски менувач.

Слики од уредниот ентериер се уште не се објавени, но се наведува дека е простран и модерен, со богата опрема.

Официјалната промоција ќе биде пред крајот на годината кога ќе бидат објавени и цените.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022