Подновен Nio EC6

Кинескиот Nio ќе ја изложи обновената верзија на електричниот crossover модел EC6 на претстојниот саем за автомобили во Шангај…

Овој новитет најверојатно ќе се вика EC6 NT2, а а ова дотерување ќе го усогласи неговиот дизајн со остатокот од гамата.

Тоа помеѓу другото вклучува, нови предни светла, маска и нови долни светлосни единици на двата краја на предниот дел, како и различни ретровизори, лакови над тркалата, нови задни светла и модифициран заден браник.

Покрај тоа, се очекуваат понапредни системи за помош на возачот, како и модернизиран ентериер.

Засега нема информации за батериите и опсегот на ажурираниот модел, но се наведува дека електромоторите имаат вкупно моќ од 360 kW/489 КС.

Повеќе детали се очекуваат во наредниот период.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Chery TJ-1

Премиера на новите модели на BMW Series 5 и BMW i5

Opel ja претстави новата Corsa

Подновен Mercedes GLS

Geely Boyue Cool

Saleen SA-40 Mustang Speedster Anniversary Special

Hyundai Sonata модел за 2024-та

2024 Range Rover

Кампања за електрификација: „ Pumped with energy (Исполнета со енергија) – Opel Mokka Electric“