Подновен Suzuki Baleno по „ботокс“ третманот делува попривлечно!

Како и што беше најавено, Maruti Suzuki денес во Индија и официјално го промовира обновениот Balena

Изненадувања во однос на дизајнот, однадвор и нема, па така Baleno за 2019 та година добил благо изменет преден дел со поинаков браник и поголеми отвори за воздух, на што се надоврзува дотераната предна маскла на ладилникот и  LED светла.

На списокот на визуелните измени се уште и ново дизајнираните алуминиумски тркала од 16 инча и две нови бои (Phoenix Red и Magma Grey), додека внатре , по најавите, сега се издвојува поквалитетниот ентериер, SmartPlay Studio на информативно забавниот систем и како опција се нудат седишта во две бои.

Покрај тоа Maruti Suzuki за обновениот Baleno, во Индија, предвидел и гама на погонски агрегати во кои се вклучени и 1.2L-литарскиот бензинец со  VVT технологија и 1.3-литарскиот DDiS дизел мотор.

Агрегатите доаѓаат во комбинација со пет степен мануелен менувач на брзини и со CVT (континуиран) менувач.

Но, како и што напишавме погоре станува збор за обновениот Baleno за пазарот во Инидија, но треба да почекаме Suzuki да ја претстави и обновената верзија што ќе биде наменета за пазарите во Европа и се надеваме дека нема долго да чекаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата S- Класа со огромен екран на централната табла во стил на Tesla

Polestar2 дебитира кон крајот на месецов

JLR ја проширува својата понуда на генијалните Ingenium агрегати

Новата Opel Corsa ги носи најдобрите технологии во малите автомобили!

Освежен VW Passat за останување на тронот во сегментот

Претставување и прво возење на Citroen C5 Aircross и Berlingo Van/Business

FIAT 500X и 500L S-Design, надмоќна изведба на привлечниот модел

Нов официјални слики и видеа за новата генерација на Renault Clio!

Кинезите во поход на Европа – Aiways во Женева