Подновена актуелната Toyota RAV 4

Сегашната, петта генерација на Toyota RAV4 претрпе голем број на модификации на европскиот пазар…

Најпрво, рафинираниот RAV4 располага со 12,3-инчен дигиталнa инструмент табла, потоа со 10,5-инчен екран за информативно забавниот систем и подобрен пакет Toyota Safety Sense, навесуваат нашите колеги од специјализираниот портал Carscoops.

И така, RAV4 на тој начин добива нов 10,5-инчен екран на допир со висока резолуција кој веќе е претставен во другите модели на Toyota, вклучувајќи ги Corolla и Corolla Cross.

Новата изведба на информативно забавниот систем доаѓа стандардно со компатибилност со Android Auto и Apple CarPlay апликациите, добива навигација базирана на облак (cloud) со податоци за сообраќајот во живо и достапност за паркирање во близина на вашата дестинација, а има и нов гласовен агент.

Изборно, системот може да понуди повеќе функции како што се препознавање знаци, предупредувања за временски услови и предупредувања за зоната на ниска емисија.

Покрај тоа тука е ополнително, и нова поголема и поконфигурабилна дигитална инструмент табла.

Единицата со екран со големина во дијагонала од 12,3 инчи е стандардна опрема во сите пакувања, освен основната опрема, која доби помала верзија на екран од 7,0 инчи.

Екранот има четири режими (Casual, Smart, Sport и Tough) и три распореди, што му овозможува на возачот да го персонализира изгледот по свој вкус и желба.

Треба да се спомене и надградениот пакет Toyota Safety Sense.

Системот Pre-Collision сега има поддршка за побезбедно вртење на раскрсниците, додека во Plug-in Hybrid верзијата, системот може да детектира возила кои доаѓаат од спротивната страна на сообраќајната лента на јапонскиот SUV.

Исто така, Toyota во листата на електронски асистенции додаде и помош при управувањето што може да ги избегне пешаците, а во Plug-in Hybrid изведбата  вклучува и дополнително препознавање на велосипеди и паркирани возила.

Единствената надворешна промена за моделската 2023 година е додавањето на платинести бели бисерни бои низ Plug-in хибридната и хибридната палета (со исклучок на опремата за Adventure), заедно со двобојна опција и металик Midnight Black боја на покривот.

Во однос на погонските единици, опсегот е пренослив, вклучувајќи 2,5-литарски хибрид кој произведува моќ од 160 kW / 218 КС со погон на предните тркала и 163 kW / 222 КС во форма 4×4, плус поефикасен Plug-in Hybrid со 225 kW / 306 КС и стандарден погон на сите тркала.

Да не ја спомнуваме појдовната бензинска варијанта од 2.0 литри, при што Toyota се фокусира на електрифицираните опции.

Toyota RAV4 од 2023 година ќе започне да се произведува во третиот квартал на тековната 2022 година, но јапонскиот производител сè уште не ги објавил цените за овој префинет модел, заклучуваат нашите колеги од порталот Carscoops.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Toyota Yaris Cross GR Sport