Подновена Honda Breeze

По речиси три години од појавувањето на пазарот SUV моделот – Honda Breeze ќе помине низ редизајн на пазарот во Кина, а тоа го потврдуваат и овие први слики…

Во основа, ова е facelift верзија на Honda CR-V, само со модифициран преден и заден дел.  Верзијата за моделска 2023 година добива, меѓу другото, поинакви LED фарови, изменета маска и различни браници, како и нови алуминиумски тркала. Во однос на габаритот Breeze е долг 4716 mm (22 mm подолг од Honda CR-V), широк 1866 mm, висок 1691 mm и има растојание помеѓу оските од 2700 mm.

Во префинетиот ентериер се очекува дигитална инструмент табла и 9,0-инчен екран на информативно забавниот систем.

Што се однесува до другите детали, подновената Breeze ќе биде достапен само во верзија со три реда седишта, додека стартниот мотор ќе биде 1,5 литарски турбо бензинец со моќност од 193 КС и 243 Nm максимален вртежен момент. Овој агрегат доаѓа во комбинација со шест (6)-брзински мануелен или, со CVT менувач. Малку подоцна ќе пристигне и хибридна верзија со 2.0-литарски мотор и со пар електромотори.

Премиерата се очекува во следните неколку месеци, а продажбата во Кина би требало да започне на почетокот на наредната 2023 година.

Заедничкото вложување на кинескиот GAC и Honda ќе продолжи да се грижи за производството на Honda Breeze.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дебитира BMW XM

Обновен DS 3

Претставен Chery Arrizo 8

Новиот Range Rover Sport – Претставен во Македонија

Acura ARX-06

Chevrolet Silverado ZR2 Bison

Buick Envista

Koenigsegg CC850

Ford Territory