Подновената икона Ford F-150 доаѓа со hybrid погонски систем

Легендарниот американски pick-up за прв пат во својата историја доби електрифициран погонски склоп…

Легендата од понудата на Ford, како и на автомобилизмот, познатиот full-size pick-up камионетот  F-150 беше сè и сешто, но никогаш не е` електрифициран. Се до сега, кога заедно со рестилизацијата се здоби и со хибриден погон. Моделот за 2021година  на F -150 доби бројни промени и подобрувања,  но за прв пат во својата историја или историјата на „Синиот овален“ и хибриден погон.

Дефинитивно најголемата новина е погонот. За погонот за внатрешно согорување е избран 3.5-литарскиот V6 EcoBoost мотор, со два турбополначи, помогнат од електричен мотор од 47 КС, кој се напојува со литиум-јонска батерија од 1,5 kWh.

Со оваа комбинација на погон, од Ford велат дека станува збор за pick-up со најголема моќ и вртежен момент, со автономија од над 1.100 км со еден резервоар и можност да повлече повеќе од шест (6) тони.

Не не заборавивме да кажеме колкава е тоа сила и вртежен момент. Производителот не ги објави, барем досега. Тој исто така не објави дали има какви било промени во моќноста на другите погони што можат да се купат во F -150, имено 2,7 и 3,5 EcoBoost, атмосферскиот 5.0 V8, 3.0 турбодизели и базен погон 3.3 V6.

Сега кај сите погонски опции, наместо претходниот шестстепен, има десетстепен автоматски менувач.

Она што го знаеме кај надворешноста е дека има нови LED светла од предната и задната страна, а нови повишени браници на предната страна. Иако станува збор за рестилизирање, Ford тврди дека сите панели на каросеријата се нови, а тука е и фактот дека меѓуоскиното растојание е продолжено за 2 см.

На клиентите ќе им бидат понудени дури 11 верзии на грил на ладилникот, а сите се опремени со активни „жабри“ за помала отпорност на воздухот. Исто така, не премногу аеродинамичниот F -150 доби активен spliter (разделник) на воздухот наречен Air dam, на долниот дел на предниот браник, кој автоматски се извлекува на 65 км/ч, а се вовлекува за 2 см при пониски брзини или се повлекува целосно при возење надвор од патот. . Ford тврди дека овој уред го намалува аеродинамичниот отпор за 3%.

Новиот Ford F-150 ќе биде понуден делум како стан стандард, а нешто и како опции, со дури 10 возачки асистенции, вклучително и Active Drive Assist, што носи автономно возење на автопатот, но под надзор на возачот, чија будност ја следи камера насочена кон возачот.

Меѓу другото, интересен е системот на надзор при влезот на крстопат, кој открива возила при вртење лево, и автоматско коќи при возење наназад, како и системот за стопирање на возилото по судир.

Во внатрешноста има многу новини, вклучувајќи дигитален панел за инструменти со 12 инчи екран и поголем 8- инча мултимедијален екран, кој ги заменува претходните од 4.2 инќа. Пакетите со поголема опрема ќе добијат уште поголем 12 инчен повеќе-наменски екран. Сите информативно забавни системи се засноваат на системот Sync 4, што е двојно побрз од претходниот Sync 3. Новиот аудио систем B&O со осум звучници е исто така понуден, додека пак, пакетите со високо ниво на опременост нудат B&O систем со дури 18 звучници.

И товарниот простор е надграден. Како прво подобро е осветлен, вклучително и рампата, односно вратата, а генераторот за напојување надворешни потрошувачи по избор ќе има капацитет од 2,0 kW, 2,7 kW или дури 7,2 kW со хибриден погон.

На задната страна, има една од дури осум камери што F-150 може да ги има, а таа е дел од помошта за возење наназад со приколка.

Освежениот, односно во добар дел новиот Ford F-150 ќе започне да се продава на есен тековната 2020 година, а дотогаш ќе се знае моќтноста на опциите за погон, како и новите цени на популарниот голем pick-up.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Peugeot 108 доби освежување и нови бои

Volkswagen Golf 8 Alltrack -2021: crossover изведен од караванот – Variant

Нови дополнителни информации за Toyota Corolla Cross

Lamborghini го претстави Sian Roadster вреден над три милиони евра и веднаш го распродал

Hyundai го покажа ликот на Elantra N Line

Cupra го претстави својот жежок hatchback на струја, el-Born

Спортскиот Hyundai i10 N Line доаѓа од Измир!

Во Peugeot подготвуваат мини crossover- 1008?

Почнува откривањето на новата S Class (W223)