Оваа 2023 година ќе биде многу важна година за францускиот бренд со стилизиран дијанабт во логото…
Реномираниот производител на автомобили од Франија – компанијата Renault ги анимираше своите сили за да претстави бројни новитети во текот на oваа година, кои вклучуваат не само обновување на сегашните модели, туку и презентација на целосно нови возила.
На дневен ред е обновувањето на моделите Renault Clio и Renault Captur, дополнително, ќе оди чекор понатаму со лансирање на SUV со седум седишта и мал електричен автомобил.
Може да се каже дека рестајлирањето на Clio е можеби најважното за Renault бидејќи Clio е еден од најважните и најпродаваните модели, на кој му треба нов импулс за да издржи на пазарот до доаѓањето на новата генерација ( ако постои). Надворешниот дизајн на Clio ќе биде обновен. Светлосните групи во форма на C ќе исчезнат. Кабината ќе добие и нови функции. Меѓу нив, ажурирана верзија на мултимедијалниот систем. Понудата на мотори ќе се поедностави со елиминирање на одредени бензински мотори. И исто толку важно, дизел верзијата ќе се продава само на клиентите на возниот парк.
Renault Captur ќе биде подложен и на „затегнување на брчките“ што ќе биде пресвртница за SUV од втората генерација, кој е еден од најпопуларните во сегментот B-SUV.Од Renault наведуваат дека нема да има иновации само во поглед на дизајнот и технолошката опрема. Новиот Captur ќе го вклучи нивото на опрема Esprit Alpine во својата гама. Хибридните HEV и PHEV варијантите ќе бидат надградени благодарение на батеријата со поголем капацитет.
Покрај тоа, не е исклучено исчезнувањето на одредени бензински мотори кои моментално се наоѓаат во конфигураторот. Во текот на следните месеци ќе бидат претставени целосно нови модели.
Едно од изненадувањата на кои работеше Renault е SUV со седум седишта, тесно поврзан со Renault Austral. Популарно познат како Renault Grand Austral. Овој модел е наменет да им парира на Peugeot 5008 и Skoda Kodiaq, како и на други слични модели.
Последните извештаи гарантираат дека овој модел ќе го крсти Espace што Пеки го изјави и во саботниот тест, а тоа ќе значи исчезнување на миниванот crossover.
Renault 5 ќе се врати на пазарот трансформиран во електрично возило. Новиот Renault 5 E-Tech, кој моментално е во развој, ќе пристигне следната година. Предвидено преку прототипот Renault 5, тој ќе биде опремен со најновата електрична технологија од Renault. Поддржан од CMF-EV платформата, новиот електричен Renault 5 ќе го придвижува мотор од 100 kW (136 КС). Ќе претставува конфигурација со погон на предните тркала, а автономијата, со едно полнење на пакетот на батерии, би требало да изнесува околу 400 километри.
И на крајот податокот за истиот дека ќе се произведува на територијата на Франција.