Подновениот Volkswagen Touareg пристигнува во мај годинава

Додека премиерата на ажурираната верзија на Touareg ќе се одржи само за неколку месеци, Volkswagen веќе објави сет официјални фотографии на кои надворешноста на овој голем SUV се уште е под маска…

Актуелниот Touareg беше претставен пред пет години, додека оваа рестилизирана варијанта ќе ја види светлината на денот на почетокот на мај.Како што покажуваат тизер сликите, facelift на Touareg ќе добие светлосна лента напред, инспирирана од неодамна реставрираните модели Atlas и Atlas Cross Sport во Северна Америка.

Има и нов сет на матрични фарови (со 38.400 микро-LED диоди и можност за проектирање на водење по лента), потоа различен дизајн на тркала до 21 инчи, модифицирани браници, осветлена значка VW назад и сини клешти на сопирачките со ознаката R на Touareg R. Најавен е и сензор на покривот за мерење дополнителна тежина (до 100 килограми) за автоматско прилагодување на електронскиот систем за контрола на стабилноста.

Управувањето на задните тркала ќе биде достапно само кај моделите кои не се R, а треба да се спомене и изменета суспензија (воздушната суспензија останува опција). Volkswagen, исто така, најавува погонски единици кои обезбедуваат „нова синтеза на удобност и перформанси“. 3.0-литарскиот V6 TDI ќе се нуди во верзии со 231 КС и 500 Nm, како и 286 КС и 600 Nm, а има и 3.0-литарски V6 бензински мотор со 340 КС и 450 Nm.

Палетата ќе го вклучува и Touareg eHybrid со комбинирани 381 КС и 600 Nm, додека Touareg R eHybrid нуди 456 КС и 702 Nm.Двата PHEV имаат литиум-јонска батерија од 14,3 kWh која обезбедува електричен досег од околу 50 km. Без разлика на погонската група, сите верзии имаат стандарден 4Motion погон на сите тркала и осум степен автоматски менувач.

Touareg ќе продолжи да се произведува во Братислава, Словачка, додека треба да почекаме за други детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кинескиот GWM Wey 03 го напаѓа VW Tiguan, Hyundai Santa Fe, Toyota RAV4…

Претставен серискиот Тесла Cybertruck

Запознајте го најкомплетниот досега Duster

Дигитална, полуксузна, поефикасна: новата Panamera

Нов Hyundai Santa Fe

Нов Chevrolet Traverse

Новиот Peugeot e-3008

Lancia Y доживеа уште едно подобрување

Peugeot e-3008 премиерно на 12 септември