Подновување на Ford Focus!

Европската подружница на Ford ја претстави освежената Fiesta пред еден месец, а нивниот популарен претставник од C сегментот сега претрпе сличен третман на подмалдување…

Редизајнираниот Ford Focus е препознатлив однадвор по различните LED куќишта за фарови во кои сега се вградени светла за магла, а FORD нуди и напредни автоматски адаптивни фарови со дополнителна цена што обезбедуваат оптимално осветлено патување во секое време, без да го вознемирувате возачот од спротивна насока.

Погледот одзади открива затемнети куќишта на светлосните групи и малку поинаква графика.

Најмоќниот Focus ST придвижуван од 2,3-литарскиот со четири цилиндри турбо бензински мотор со 280 КС е збогатен со редизајнирани седишта, нови алуминиумски тркала и интересна нијанса на зелена (Mean Green) боја веќе понудена со Ford Puma ST и Ford Fiesta ST, a Ford Focus ќе продолжи да се нуди во попрактична караван верзија (вклучувајќи го и Ford Focus Active издание).

Без оглед на пакетот опрема, главната новина во внатрешноста е најновиот мултимедијален систем на Ford- SYNC4, кој се контролира преку зголемен дисплеј од 13,2 инчи, и кој сега вклучува контроли за климатизација, што веројатно нема да им се допадне на сите.

Понудата на послаби бензински мотори се базира на познатиот 1.0-литарски со три цилиндри турбо бензинец (EcoBoost), кој се нуди со две нивоа на моќ, од 125 и од 155 КС.

Преносот на моќност до предната оска се врши преку мануелен шест (6)-степен или автоматски седум (7)-степен менувач со двојна спојка, а благ (mild)  хибриден систем од 48 волти помага да се намали потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови. Без електрификација, споменатиот мотор има моќ од 100, односно 125 КС.

Со цилиндер повеќе во понуда, тука е и 1,5-литарскиот турбо – дизел мотор (EcoBlue), кој располага со моќ од 95 КС во послабата верзија и 120 КС во помоќната.

Покрај стандардниот шест (6)-степен мануелен менувач, може да се нарача и помоќен „дизел“ во комбинација со осум (8) -степен автоматски менувач со две спојки.

Со оглед на податокот дека во Келн никој не спомнува можност за вградување на 2,0 литарски, со четири цилиндри турбо – дизел мотор, со моќ од 190 КС, се поуверливи се шпекулациите дека  таа погонска единица повеќе нема да биде во понудата за изведбата Ford Focus ST.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Alpine A110GT Coupe –побрз посилен, попривлечен и поскап!

BMW XM Concept

Новиот KIA Niro на први фотографии

Најавен Polestar 5

„Дизајнирана во Германија“: Новата Opel Astra разгорува емoции

И официјално новиот Ford Ranger

И официјално претставен новиот Suzuki S-Cross

Изострен дизајн и иновативни технологии за знаменосецот на Audi: Врвниот A8

Toyota GR DKR Hilux T1+ за Дакар Рели 2022