Подобрениот Polestar 2 со повеќе сила и подолг досег

Процентуално подобрениот Polestar 2 се напојува и со малку помоќен електричен мотор, а со едно полнење на батеријата сега може да помине 473 километри.

Покрај неколкуте нови бои на каросеријата и неколкуте ново – дизајнирани модели на 19-инчни алуминиумски тркала, потенцијалните купувачи на електричниот Polestar 2 најмногу би требало да бидат задоволни од веста за промените во погонската единица.

Имено, шведската автомобилска компанија (под целосно покровителство на кинескиот автомобилски гигант – Geely) со најновото освежување (refresh) пакетот има подобрени елементи кои се однесуваат пред се на погонската група.

Според специјализираните портали, стандардниот Polestar 2, кој работи само со еден електромотор, добил батерии чиј капацитет сега е 78 kWh, па (според WLTP нормите) Polestar 2 со едно полнење наместо сегашните 439 ќе може да покрие 473 километри.

Со малку поголем капацитет на батерии кои можат да се полнат на брзи полначи (до 130 kW) дојде до зголемување на моќноста на електромоторот, кој сега располага  со моќност од 231 КС и 330 Nm максимален вртежен момент, кој се распределува преку автоматската трансмисија на тркалата од предната оска.

Оптимизирана е и работата на топлинската пумпа, така што ја намалува потрошувачката на батеријата при загревање на кабината во студените денови.

Веруваме дека подобрената верзија ќе ја зголеми привлечноста на електричниот модел на скандинавците.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Renault го предава својот имот во Москва на Русите кои таму ќе произведуваат Moskvich

Прв држава со регистерска табличка налепница

Електричниот Fisker Pear на нови слики

Mobilize Duo како наследник на Renaulta Twizy

Bentley  бара промена на лимитите за В категорија (возачка)

Toyota Land Cruiser eден од „најдолговечните“ модели на пазарор распродаден за две години однапред

Mercedes најави ексклузивен бренд Mithos

Pagani C10 дебитира на 12 септември

Ferrari го стави Џастин Бибер на „Црна листа“