Поевтино и побрзо производство на електроди за батерии

Воведен е сосема нов процес на обложување на електродите за што пооптимално производство на батериите што ќе ги намали трошоците за производство на EV во глобала…

Новиот процес на обложување, откриен од истражувачите од Карлсруе Институт за технологија, Германија произвеле електроди за литиум-јонски батерии со, како што велет, рекордна брзина. Новиот процес воедно го подобрува и квалитетот на електродите и ги намалува трошоците за производство.

За да се постигне тоа, научниците многу внимателно ја разгледуваа облогата на електродата. Досега, производителите на електроди го нанесуваа материјалот за електроди во форма на тенка паста на бакарна или алуминиумска фолија, во правоаголна шема. Истата е прекината со кратки делови од необложена фолија, кои се од витално значење за празнење на електрони. За производство на овие делови, процесот на обложување треба постојано да се прекинува и да се започне одново.

Вистинскиот предизвик било производството на остри рабови без размачкување на материјалот, додека се одржуваат големи брзини на производство. „Прецизноста на обложувањето на електродата е суштински фактор за ефикасноста и цената за производство на ќелии на батерии“, вели професорот Вилхелм Шабел од Институтот за термичко процесно инженерство – Тенка филм технологија (ТВТ-ТТТ), одговорен за истражување на оваа област во Институт за технологија Карлсруе.

Истражувачот Ралф Дием, кој работи во тимот на Шабел, успеа да направи пресуден напредок со оптимизирање на млазницата за електродата што ја опремил со осцилирачка мембрана која циклично запира и го рестартира поставувањето на пастата за обложување. „Оваа мембрана е многу полесна од механичките вентили, а резултат на тоа е постигнување  кратки времиња на реакција и големи брзини“, објаснува Дием.

„Досега, брзините на производство беа ограничени на околу 30 до 40 метри во минута. Новата технологија, достигнуваме до 150 метри во минута во обложувањето на електроди.” Втора предност е тоа што мембраната може да се контролира попрецизно за разлика од механичките вентили, квалитетот на производството е подобрен и стапката на отфрлање се намалува. На типична производна линија, можат да се произведуваат електродите за три пати повеќе ќелии за батерии, а со тоа се помага да се задоволи растечката побарувачка за електрична мобилност.

Но за производството на батерии во целина да има корист од побрзото обложување на електродите, мора и процесот на производство на другите етапи да се прилагоди бидејќи  побрзото обложување бара пократко време на сушење.

Делот за сушење, а со тоа и целиот погон ќе треба да се зголеми.. па Институт за технологија Карлсруе спроведе фундаментално истражување за различни услови на сушење и го примени ова знаење за да го оптимизира процесот на сушење. Резултатот е за 40% пократко време на сушење, без негативно влијание врз својствата на електродата.

Новата технологија ќе биде развиена и подготвена за индустриско производство преку spin-off основан од Ралф Дием и неговиот тим.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иднината на горивните ќелии и хидроген возила се по розова

Volkswagen ID.3 ќе комуницира со патниците

 Hyundai со хидроген инфраструктура за камиони со горивни ќелии

Audi електричните возила ќе ги гради на четири платформи

Виртуелен авто механичар!

VW со мал електричен автомобил поевтин од 20.000 евра

Land Rover Defender со технологија за далечинско управување!?

Со новата Škod, купувате и Laurа – нова асистенција во возењето!

Висока ефикасност: Нова Opel Corsa и Opel Astra со LED фарови што штедат енергија