Погледнете како се прави рачно Bentley Bentayga Speed

Луксузниот SUV, моделот Bentayga Speed се произведува во фабриката на оваа луксузна автомобилска марка лоцирана во Кру, Велика Британија, а за да се произведе само еден модел потребни се вкупно 16 работни дена…

Перформанс луксузната SUV креација Bentayga Speed се произведува во англискиот град Кру, кој е дом на Bentley уште од 1946 година.

За да се произведе ова луксузно и екстравагантно возило покрај умеењето и вештините на вработените потребно е и многу вложен труд и енергија и тоа за да се направи само една единица.

Имено за секој произведен примерок на супер луксузниот перформанс SUV модел – Bentley Bentayga Speed, потребни се дури 16 работни дена или 127 часа високо квалификуван човечки труд.

Само на дрвените детали во внатрешноста се работи околу 10 часа, на бојата  пак околу 24 часа, додека на погонските мотори се вложуваат 13,4 часа, а самиот автомобил се склопува за околу 52,5 часа.

Веќе кажавме дека Bentley Bentayga Speed е SUV, со супериорни перформанси подеднакво експлозивни како и кај супер спортските автомобили .

Кога станува збор за погонската единица ќе кажеме дека тоа е twin turbo – бензински агрегат со 12 цилиндри поставени во форма на латинската буква V, со работен волумен од 6,0-литри и со моќност од 626 КС и масимален момент на вртење од 900 Nm.

Тој мотор му обезбедува импресивни перформанси: забрзување од 0 до 100 m/h за околу четири секунди и постигнување на максимална брзина од 305 km/h.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Видео Најголемиот pick-up на светот

Cupra и Abt Sportsline во поход на Extreme E шампионатот

Vanderhall најави своја прва креација на четири тркала  – моделот Navarro

Тркачки симулатор на Asaton Martin за што чини колку BMW 5 или Mercedes E Class

Враќање на легендарната DS (жаба)

Баварците го најави електричниот i4 удар на Tesla S

No Time To Die преполн со Aston Martin автомобили

Американец казнет со 569000 долари бидејќи од автомобил ја разгледувал Канада

Автомобили на пик на крадците во Германија