Polestar 0 – нов радикален концепт на Швеѓаните

Шведската компанија е во процес на развивање на семејство на целосно електрични модели, каде најновиот член Polestar 2 беше претставен во Женева, а на пат е и целосно нов SUV

Како еден од најактуелните конкуренти на шведската компанија е автомобилскиот производител Tesla, едноставно предизвикува на споредување помеѓу моделите на двата бренда.

За разлика од Tesla, која во моментов брои четири модели во својата гама,  Polestar  во моментов има во понуда само два модели, Polestar 1 и Polestar 2.

Но дизајнерот Рашид Тагиров гокреирал Polestar 0.. ссакајќи да покаже како би моќел да изгледа идниот претставник на луксузната спортска марка од Шведска, во сопственост на Volvo и Geely.

Концептот не го носи името Polestar 3 бидејќи производителот веќе работи на развивање на модел со тоа име, кој ќе биде во форма на SUV., a од фотките може да се забележи неконвенционалниот дизајн на автомобилот на Тагиров.

Без регулациски и безбедносни ограничувања, Тагиров креирал радикално возило со многу подраматичен стил од Polestar 1 и 2, со остри црти и конструкција на правоаголник, со доминација на прави и изостаток на обли линии.

Наместо конвенционалните предни светлосни групи, концептот има една LED лента, што се протега по целата ширина на предниот дел на возилото, а агресивниот лик е потенциран со тркалата со невообичаен дизајн и со големи перки што се издигаат назад на опашто на автомобилот, во стилот на американските лимузини од 1960 години .

Внатрешноста не е покажана, но од тоа што може да се види низ тенките прозорви може да се забележат четири потпирачи за глава на седишта што би можело да значи дека е наменет за четири патници , а ниската линија на покривот најверојатно го ограничува внатрешниот простор.

Како и да е оваа футуристичка замисла за идните модели на Polestar покажува дека Швеѓаните не сакаат многу да се дружат со конвенционалноста .

Инаку, како што спомбавме, во моментов во Polestar работат на развивање на нов SUV модел, а четвртиот модел се очекува да биде целосно електричен кабриолет, но да почекаме и да видиме што ќе донесе времето!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW добива нов шеф доаѓа од директорската „фотељата” во Porsche!

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha