Polestar 5 е еден од трите најавени електрични модели кои Polestar ќе ги претстави во наредните години…
Серискиот Polestar 5 ќе биде пуштен во продажба во 2024 година, како конкурент на Model S на Tesla и Porsche Taycan.
Пред финалето, серискиот Polestar 5, на овогодинешниот фестивал на брзината во Гудвуд ( Goodwood Festival of Speed што се одржа од 23, до 26 јуни, Polestar го прикажа 5-тиот прототип, кој имаше динамична презентација таму (но сепак под маска).
Идниот Polestar 5 е всушност сериска верзија на концептот Polestar Precept од 2020 година, кој е прикажан како електричен grand tourer со четири врати и растојание помеѓу оските од 3100 mm.
Серискиот модел нема многу да се разликува, а најважните промени се тоа што Polestar 5 наместо „самоубиствените“ врати на концептот ќе има столбови B и класични врати.
Исто така, Polestar 5 ќе биде опремен со стаклен покрив, класични ретровизори (наместо камери во концептното возило), како и со две индивидуални задни седишта (останува да видиме дали ќе има верзии за тројцата патници одзади).
Најмоќната верзија на серискиот модел ќе има два електромотори со вкупно 650 kW / 884 КС и 900 Nm, како и батерии од 103 kWh.