Polestar O2 во сериска изведба во 2025 година

Polestar O2 засега е концепт автомобил, но британските медиуми пишуваат дека неговата сериска верзија ќе пристигне некаде кон средината на тековната деценија…

„Нашето портфолио во иднина ќе биде мешавина од електрични теренци, брзи возила и автомобили како roadster O2“, изјави извршниот директор Томас Ингенлат (Tomas Ingenlat) за специјалиираниот британски магазин CAR на годинешниот Фестивалот на брзина во Гудвуд (Goodwood Festival of speed) 2022.

„Тоа не е летечка чинија – тоа е нашата аспирација да го ставиме овој тип на производи во нашето портфолио со што влегуваме во претстоната иднина на патната мобилност.

„ Polestar O2 ја отвора вратата на нашата тајна комора на иден потенцијал. Ова е вкус на она што можеме да го дизајнираме и конструираме со талентот и технологијата што ги имаме дома. Изгледа неверојатно, а способноста да се спушти покривот и да не се слуша моторот ветува врвна сензација“, додава Ингенлат.

O2 е многу сличен на концептот Polestar Precept, кој ќе стане сериски Polestar 5 – што не треба да изненадува, бидејќи ја делат истата платформа (иако имаат различно растојание помеѓу оските).

Тој е со приближно иста ширина и висина како Precept, но е пократок за 400 mm.

Polestar вели дека O2 треба да има динамичен спортски одговор и линеарно чувство, благодарение на цврстата алуминиумска шасија.

„Ние навистина можеме да ја прилагодиме оваа архитектура за да исполниме различни цели“, рече Пит Ален (Pit Alen), шеф за развој и истражување во Polestar UK.

Планирано е O2 да вклучува два електрични мотори, со погон на сите тркала и да понуди огромен потенцијал за перформанси: можно е да се добијат комбинирани 872 КС, што го прави потенцијално супер брз кабриолет.

Во внатрешноста, Polestar се фокусираше на одржливоста.

Polestar O2 користи нов термопластичен моно-материјал (во суштина материјал направен од само една работа за полесно рециклирање).

Покрај тоа и металните компоненти се исто така означени за полесна повторна употреба.

Возачкото искуство во Polestar O2 е дизајнирано да биде живо, лесно и полно со самодоверба.

Предвидливоста и разиграноста се во срцето на возбудливо, живо возење на овој модел.

Цврстата контрола на каросеријата, како и високата цврстина и интуитивната динамика се вродените и предности на алуминиумската платформа адаптирана од Polestar 5, која  потсетуваме, беше развиена внатрешно од страна на тимот за истражување и развој на Polestar, лоциран во Велика Британија.

Високиот квалитет и цврстината на алуминиумската платформа се насочени кон зголемен динамичен одговор.

Јасно е поврзан со концептниот автомобил Polestar Precept, но со неговиот посебен карактер, изгледот на Polestar O2 покажува како дизајнерскиот речник на Polestar може да се прилагоди на различни стилови на каросерија со силна семејна сличност.

Ниското и широко цврсто тело, компактниот дизајн на кабинатаво конфигурација на  2 + 2 седишта, како и минималните надвиснувања и долготото растојание помеѓу оските ги покажуваат класичните пропорции на спортски автомобил, но при тоа со јасно изразено модерно, електрично чувство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигна новиот Citroën C5 X

Chery претстави пет модели под брендот Kaiyi

Mini Aceman Concept

Најавен MG 7

Обновени Fiat Cronos и Fiat Argo

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…

Geely Binyue Cool

Нов Nissan X-Trail

Toyota Yaris Cross GR Sport