Polestar Percept нови детали и фотки – можна најава за електричниот SUV Polestar 3

Токму како и во случаите на другите производители што беа скусени за можноста и задоволството да го симнат превезот на тајност од нивните креации и Polestar се чувствува недоречен во однос на Precept концептот што требаѓе да биде претставен на салонот во Женева…

Прикажана „on line“ кон крајот на февруари, оваа електрифицирана машина, дизајнерски микс помеѓу Teslа и Porsche Taycan, повторно е во центарот на вниманието  неделава, бидејќи првиот човек на компанијата Томас Ингенлант  , одлучи да ни понуди некои дополнителни детали за проектот.

Во моментот Precept e само студија и не знаеме за каков конкретен погон се работи. Меѓутоа со оглед на тоа дека зборуваме за Polestar, a јасно се забележува дека ги нема краевите на издувните цевки, лесно може да се претпостави дека станува збор за електрично перформанс возило.

Надворешните линии на Precept рефлектираат генерална идеја, веќе видена на другите модели нa овој под бренд на  Volvo, но внатрешноста има свој блескав момент каде овој производител се покажа во најубаво светло.

Направен е во веган стил, што во овој случај значи дека во изобилство се користени рециклирани материјали и многу малу пластика.

Внатрешноста е изработена така што нејзината маса е редуцирана за 50 % во однос на регуларниот Polestar, а притоа се намалени и вибрациите за дури 250% и зголемена е отпорноста при судир.

Во кабината веднаш се забележуваат два големи екрана што му помагаат на возачот, едниот од 9,0-инча, водорамен, опремен со функции за следење на окото и вториот од 15-инча, што служи како главен интерфејс помеѓу возачот и автомобилот.

Информативно забавниот систем е базиран врз Android, исто како и кај  Polestar 2, a доаѓа со можностите што ги обезбедил Google за употреба во автомобилите, како асистентите, мапата и ADAS.

Како што претходно рековме нема информации во однос на погонскиот систем, покрај фактот сека посочената структура може да прифати огромен пакет батерии.

Со оглед дека станува збор за концепт, малку е веројатно дека ќе влезе во сериско производство, но тоа што се очекува е трансфер на извесна технологија и стилски елементи во идните модели на марката, пред се во најавениот SUV модел Polestar 3.

За новитетот, неодамна Максимилиан Мисони – Maximilian Missoni, првиот човек на дизајнот на Polestar, кажал дека би требало да биде промовира во текот на наредната 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Alfa Romeo 8C 2300 тркачка икона што знаела само за победи на жешките патеки!

Ралф Шумахер за свој нов автомобил ја избрал Lada Niva

Bentley Bacalar во бои на виножито!

Видео: Porsche 911 Turbo S забрзува до 100 km/h за 1,9 секунди

Полиција прекинала улична трка и уапсила 44 учесници- луда и опаснасна забава во време на пандемијата!