Полицијата на Франција го обожава иноцскиот радар

Францускиот автономен радар е убедливо најефикасен во казнувањето на непослушните  возачите што не ги почитуваат правилата за ограничување на брзините…

Според новите официјални податоци, 249 уреди во сервисот регистрирале 3,33 милиони прекршоци во 2020 година или во просек 13.385 по уред годишно. Тоа е четири пати повеќе од фиксните радари, а дури пет пати повеќе од пресретнувачите!

Автономниот радар или ETC е опремен со лидар, напреден ласер за скенирање и има долга автономија од шест работни дена без потреба од полнење електрична енергија. Француската полиција често го поставува на градилишта за изградба на патишта каде што ограничувањето на брзината дополнително се намалува,  пренеуваат специјализираните портали.

 

Уредот е толку ефикасен што Франција набавува уште 150 единици, со што нивниот број ќе достигне вкупно 400 активни единици. Единствениот голем недостаток на автономниот радар е неговата големина и маса од дури 1,3 тони поради што се бараат поголеми логистички напори при негово поставувањ.

Имено, истиот се вози како приколка и му треба многу простор за да се постави покрај  патот.

Од далеку наликува на приколка и возачите тешко ја препознаваат што е уште еден адут во неговата ефиканост Имено, кога „залетаните“ возачи ќе го видат, веќе е доцна…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражувањето на Alfa Romeo покажа дека нивните клиенти не сакаат огромни екрани

Знаете ли колку чини просечната Dacia, продадена во Европа?!

General Motors не може да ја задоволи големата побарувачка

Lexus најавува нов електричен концепт

Volkswagen ќе увезува и продава возила Bugatti и Rimac во Америка

Британците решија да изградат тунел вреден 2,2 милијарди евра во близина на Стоунхенџ

Impul Nissan Z

Обновен MG5

Драматичен пад на цените на половните електрични автомобили