Полицијата на Шпанија се поднови со повеќе од 300 примероци на Alfa Stelvio!

На адресата на производителот на спортски автомобили од Милано, Alfa Romeo, инаку сега под капата на автомобилскиот концерн Stellantis, пристигна сериозна нарачка од Иберискиот Полуостров…

На Alfa Romeo оваа година не и оди најдобро, па ваквата голема нарачка е исклучително добредојдена за легендарната автомобилска марка со богата спортско наследство.

Шпанската Guardia Civil го избра Alfa Romeo Stelvio на својот тендер за улогата на патролно возило на локалните автопати.

Имено, Шпанците нарачале вкупно 301 примерок од овој италијански SUV модел, а сите примероци на оваа прекрасна повишена од подлогата креација на четири тркала веќе се пристигнати до силите на редот и законот на оваа земја.

Во главниот штаб на Guardia Civil се одлучиле за SUV моделот Alfa Romeo Stelvio со дизел мотор, со четири цилиндри, со работен волумен од 2,2-литри кој потпомогнат со турбо полнач испорачува моќ од 190 КС.

Поради спецификите на одредени планински региони на Пиринејскиот Полуостров, потребно е возилото да биде опремено со систем за погон на сите четири тркала.

Она што допрва треба да се спомене е дека во споменатиот SUV модел на брендот од Милано, силата се пренесува на оските преку осум (8) -степен автоматски менувач.

Инаку, шпанската полиција веќе го користи модели на Alfa Romeo Stelvio, па и тоа е една од причините за оваа нарачка, бидејќи, како што велат, се уверени во сите квалитети на ова возило.

Потсетуваме,  овој SUV е и најпродаваниот модел на Alfa Romeo оваа 2021 година (период од јануари до ноември) со испорачани речиси 15.000 примероци (поради проблемите со набавка на електронски компоненти, полу проводници и чипови, не веруваме дека во последниот месец од годинава бројката многу ќе се зголеми). Како и да е во споредба со минатата 2020 тоа претставува пад на продажбата од 2%.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отповик на Chiron Pur Sport поради проблеми со гумите

Niutron NV

Porsche прв ЕV што совладал висинска разлика од 4.842.967 метри

Noble M500

Hennessey  Venom F5. со ергеле моќно 1.817 КС

Bugatti го претстави својот ромобил Bytech

Жената Астронаут од проектот SpaceX место Tesle избра друг EV

Tesla Model S поминал 1,5 милиони километри!

Редок класичен Chevrolet Corvette