Полицијата во Дубаи со мотоцикли што летаат!

Во Дубаи  отсекогаш „негувале“ наклонетост кон необични средства за превоз за своите сили што го обезбедуваат јавниот ред и мир, затоа и не изненадува новата генерација на возила што во служба стапуваат од 2020година, со сепак еден куриозитет – мотоцикли што летаат

Руска компанија со седиште во Калифорнија, Hoversurf, уште во текот на минатата 2017 година вети дека на полицијата во Дубаи ќе им испорача први примероци на електрични мотоцикли со способност на вертикално полетување и слетување.

Тековната 2018-та го исполнија своето ветување со претставување на првиот сериски модел S3 на саемот за технологија GITEX, a како што јавува CNN – момчињата во сино веќе почнале да се запознаваат и да тренираат со новата технологија.

Време за адаптирање во секој случај ќе им треба бидејќи овие чуда на технологијата, наспроти софтверот кој гарантира дека не можат да се превртат, делуваат прилично пробивно и „снаодливо“.

Наводно,  совршени кандидати за управување со ова возило би биле возачи навикнати да возат мотоцикли и кои исто така ја усовршиле вештината на управување со дронови, бидејќи S3 во суштина е еден голем дрон способен да постигне брзини до 100 km/h.

Максималната брзина не е единствениот фактор што е лимитиран кај овие машини.

Имено, досегот е ограничен на најмногу 25 минути летање, па затоа S3 и не е некој којзнае каков пресретувач.

Од компанијата Hoversurf  тврдат дека ги имаат сите потребни дозволи за комерцијализација на S3 и во другите делови на светото, a цената на еден таков  мотоцикл што лета изнесува само „скромни“  150.000 американски долари.

Но, од друга страна, пак, што е тоа за супер богатите шеици и нафтени барони од оваа земја кои сакаат да имаат супер полицајци во супер возила!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ducati Streetfighter V4 со повеќе од 200 КЅ

Иднината на урбаниот превоз Karmic Oslo

PGM V8 спортски мотоцикл со V8 мотор и 334 КЅ

Нова Triumph Rocket III линија

Curtiss Zeus со електромотор и батерии во форма на V8 бенински мотор!

Vison DC Roadster- Баварците ја покажаа иднината на електричните мотоцикли

Arc Vector – најнапредниот електричен мотоцикл во светот

Bird Cruiser нов електричен мотоцикл

Најмоќниот Triumph на сите времиња- Rocket 3 TFC!