Полициски дронови ловат сообраќајни прекршители во Полска

Откако беспилотните летала се вдомија на небото над нашите градови, има се повеќе сектори и човечки активности во кои тие се покажаа како корисни, па така возачите во Полска се меѓу првите што ги следат полициски беспилотни летала….

Видеото од полската полиција ги прикажува возачите на автомобили и мотоцикли кои биле снимени како поминуваат полна бела линија со своите возила со цел да ги престигнат побавните возила, не знаејќи дека нивните прекршувања се следат од небото, пренеуваат специјализираните портали.

Полициските дронови се доволно мали и летаат доволно високо за да бидат невидливи за возачите фокусирани на минување на автомобили пред нив.

Исто така, фиксните сообраќајни камери се наоѓаат на познати локации, а другите возачи главно ќе ве предупредуваат за мобилните.

Никој не гледа дронови, а кога ќе бидете свесни за нивното присуство, тогаш е доцна.

Само кога полицаецот ќе зачекори по патот за да ги запре, возачот чувствува дека е фатен, но и тогаш не знае што му се случило.

Полска не е единствената земја што користи технологија на беспилотни летала за фаќање возачи.

Полициските сили во Велика Британија почнаа да користат дронови опремени со камери со висока резолуција и опрема за термичка слика уште во 2019 година.

Исто така полициските сили во Квинсленд, Австралија, летово ги користеа своите дронови за борба против криминалот, борба против илегални улични трки, како и снимање на локазии на местата на злосторствата за форензичарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Октански прстени.

Škoda станува марка на непушачи!

Наскоро Boldmen CR 4

Lada Niva Legend 50th Anniversary Limited Edition

Citroën Ami потврден и за пазарот во Велика Британија

Honda со online продажба на автомобили во Јапонија

Новиот управувач на Tesla на тест- Појави сериозни безбедносни ризици

Нова Honda BR-V со 7 седишта

До 2025 година сите Taxi возила во Виена ќе возат на струја!